Сер Роџер Мур, почина на 89 годишна возраст во Швајцарија по кратко боледување од рак, соопшти неговото семејство. Познат по својата улога како специјалниот агент 007 – Џејмс Бонд.
Роден е на 14.октомври 1927 година во Стоквел, Лондонд како син единец на Лилијан и Џорџ Алфред Мур.
Неговото семејство објави на Твитер дека последните денови од неговиот живот бил во постојана прегратка на неговото потесно семејство.
„Љубовта со која беше опкружен во неговите последни денови беше толку голема, што не може да се опише со зборови“, велат од семејството.
Во 1999 година стана почесен командант на Британската империја и е прогласен за почесен витез. Во 2012 година во ноември, стана почесен Доктор на уметноста за неговиот придонес во британската кинематографија.