Поранешниот претседател на САД, Џорџ Херберт Вокер Буш, почина синоќа на 94 години.
Херојот од Втората светска војна, кој беше претседател за време на колапсот на Советскиот сојуз и последните месеци на Студената војна, почина дома во Хјустон.
Тој почина скоро 8 месеци по неговата сопруга Барбара со која беа во брак 70 години и која почина во април.
„Џеб, Нил, Марвин, Доро и јас со жалење ве известуваме дека по 94 исклучителни години, нашиот татко почина. Беше човек со исклучителен карактер и најдобриот татко каков што син или ќерка можеа да посакаат“, соопшти Џорџ Буш помладиот.