Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почна тестирањето за проценка на имунитетот, откриена подваријанта стелт омикрон
Градови

Почна тестирањето за проценка на имунитетот, откриена подваријанта стелт омикрон

февруари 15, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Тестирањето по случаен избор за да се добијат податоци колку населението има стекнат имунитет на КОВИД-19 од вакцинација или од прележана болест вчера почна во центарот Скопје и деновиве ќе продолжи и на други локации. Тие не се откриваат за да бидат тестирани случајни минувачи кои ќе се согласат да дадат примерок од крв за определување антитела.

Серолошката КОВИД-анализа засега ќе се реализира само во главниот град и ќе опфати илјада испитаници, но скринингот ќе се прошири и на уште две до три илјади граѓани од други градови низ целата државата во соработка со центрите за јавно здравје и со трансфузиолошките служби.

Испитаниците пополнуваат прашалник за тоа дали се вакцинирани и со која вакцина, дали и кога имаат прележано КОВИД-19, дали еднаш или неколку пати.

Анализата на податоците, како што најави минатата недела министерот за здравство Беким Сали, ќе покаже колку е реално имунизирано населението.

-Сакаме да имаме јасна слика колку од нашето население го поминале КОВИД-от и врз основа на овие резултати ќе имаме слика и ќе излеземе пред јавноста. Според евиденцијата која ја имаме, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби сме 60 проценти имунизирани на природен начин, рече Сали.

На процентот на имунизација од прележана болест може да влијае сојот омикрон зашто  има полесна клиничка форма и голем број луѓе не направиле ПЦР-тест или го поминале во домашни услови.

За најавениот скрининг на учениците, пак, засега нема информација кога ќе почне. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера изјави дека  процесот е во тек и, најверојатно, ќе се реализира во следниот период.

 

– Немаме информација од Министерството за здравство, но тие соработуваат со Комисијата за заразни болести. Денеска имаа состанок, сигурно во наредниот период може да го организираат и скринингот, рече Шаќири.

Министерството за здравство вчера соопшти дека во земјава се откриени три случаи со новата, подваријанта на сојот омикрон – стелт (stealth). Двајца заразени се од Скопје и еден од Струмица – потврдени од секвенционирањето на 41  позитивен примерок на SARS-CoV-2.

Сè уште во државава циркулира и делта варијантата на коронавирусот, потврдена во три примероци – кај двајца од Гевгелија и кај еден од Велес. Кај два примерока е потврдено и присуство на инфлуенца H3N2.

Во вчерашната статистиката за последните 24 часа беа регистрирани нови 465 случаи на КОВИД-19 од 1707 направени тестови. Починаа 20 пациенти, на возраст од 60 до 95 години, и сите имале коморбидитети.

Со новите позитивни, активни на вирусот во земјава има 9699 случаи, од кои над половината (5467) се во Скопје. Над 400 активни имаат Битола (459), Куманово (412) и Тетово (400), над 300 имаат Кавадарци (384) и Прилеп (336).

Кај речиси третина (32 од 100) лица, постари од 65 години, кои во 2020 година се заразиле со КОВИД-19, се развил барем еден нов или траен здравствен проблем, за кој имало потреба од лекарска помош во месеците на оздравување, по почетната инфекција. Тоа е за 11 повеќе во споредба со оние кои не заболеле од КОВИД-19, се наведува во американска студија, објавена во Бритиш медикал џурнал (British Medical Journal).

Тоа се однесува на состојбата поврзана со главните телесни органи и состави, меѓу нив и срце, бубрези, бели дробови и црн дроб, како и на компликации со менталното здравје.

Истражувањето е спроведено од американски научници врз околу 133 000 Американци постари од 65 години, а заразени со коронавирус во 2020 година, како и на речиси ист број лица од таа возрасна група кои немале КОВИД-19.

Студијата за зачестеноста и сериозноста на последиците (нови здравствени состојби), по инфекција од КОВИД-19, меѓу постарите од 65 години, покажува дека речиси секој трет пациент кој заболел, побарал лекарска помош, најмалку три недели по дијагнозата, поради нов или траен здравствен проблем, што е за 11 отсто поголема стапка од забележаната во другата група. Слични наоди беа откриени и со споредбените групи од 2019 година.

Истражувачите признаваат и делумни ограничувања во истражувањето, како можноста дека некои дијагнози можеби не се последица на нови здравствени проблеми, предизвикани од КОВИД-заразата.

 

ИЗВОР/ФОТО: МИА

актуелно имунитет стелт омикрон проценка скрининг тестирање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.