Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почнува расправата за илјадниците амандмани за измените на Изборниот законик
Политика

Почнува расправата за илјадниците амандмани за измените на Изборниот законик

декември 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која треба да почне амандманската расправа за предлог-измените на Изборниот законик, кои предвидуваат една изборна единица и отворени листи.

За двата предлог-закона на помалите партии, првиот за една изборна единици и вториот за отворени листи, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ имаат поднесено илјадници амандмани, така што не се очекува расправата да заврши пред распуштањето на Собрнието на 11 февруари, поради одржувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Согласно собранискиот Деловник, со оглед на тоа што станува збор за предлог-закони што не се со европско знаменце, не може да се ограничи расправата на членовите на Комисијата.

Пратеничката група на ДУИ ги образложува илјадниците поднесени амандмани со забелешката дека процесот за измени на Изборниот законик се води еднонасочно, еднострано и оти менување на правилата на игра пред избори е опасен преседан со кој би се соочила политичката сцена во земјава.

Сметаат дека изборните правила на игра мора да се донесат консензуално во согласност со сите политички партии.

И ВМРО-ДПМНЕ е на став дека секој Изборен законик треба да се донесе со што поширок партиски консензус и што подалеку од изборниот момент.

„Не може нов Изборен законик да се носи без согласност на најголемите релевантни политички партии и да се носи еден или два месеца пред избори. Без разлика колку сегашниот или можниот иден изборен модел може да бидат подобри или помалку добри од она што денес го имаме како изборна пракса“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ од друга страна поддржува измени со кои се предвидуваат една изборна единица и отворени листи, и бара од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги повлечат амандманите и да се отвори дебата.

Поднесувањето на големиот број амандмани го оценуваат како обид на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за блокирање на процесот.

Амандманите на ВМРОДПМНЕ, според СДСМ, испраќаат нечесна и недржавничка порака, а оние на владиниот колаициски партнер ДУИ се сериозна причина за
размислувања кои социјалдемократите ќе ги отворат.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вели дека со измените најмногу ќе изгубат големите партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но ќе добијат државата, помалите партии и демократијата..

Според предлагачите за една изборна единица и отворени листи, актуелната поделба на шест изборни единици е пречка за фер изборен натпревар зашто ги фаворизира големите политички партии, на сметка на помалите и на евентуалните независни листи.

Помалите партии сметаат дека воведувањето една изборна единица без изборен праг и отворени листи ќе обезбеди политички плурализам и демократизација.

актуелно амандмани Изборен законик измени расправа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.