Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почнува 40. „Скопско лето“
Култура

Почнува 40. „Скопско лето“

јуни 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јубилејното 40. „Скопско лето“ официјално ќе биде отворено вечерва со оперски гала-концерт на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ на плоштадот „Мајка Тереза“ со почеток во 21:30 часот.

Како солисти ќе настапат Весна Гиновска-Илкова, Владимир Саздовски, Ѓорѓи Цуцковски, Наде Талевска-Спасовска, Маријан Николовски, Сандра Митровска, Зоран Сотиров, Павлина Новакова, Ристе Велков, Марика Поповиќ, Ирена Кавкалеска, Ана Ројдева, Александра Лазаревска и Катерина Стојановска. Ќе настапат оркестарот и хорот на Националната опера и балет.

„Скопско лето 2019“ ќе се одржува од 19 јуни до 31 јули на повеќе локации. Организатор на „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, а и оваа година фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерството за култура.

Директорот на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, Никола Глигоров, пред неколку дена на прес-конференција информира дека публиката на меѓународната манифестација „Скопско лето 2019“ најмногу ќе може да проследи концерти, како и ликовни изложби, претстави, мултимедијални проекти, ќе има филмска програма, традиционалното кафе-кино, ќе има програма и за најмладите…

„На 21 јуни, како што веќе е традиција, отворањето на „Скопското лето“ го посветуваме на музика, на Светскиот ден на музиката, истовремено одбележувајќи го и првиот ден на летото. Отворањето ќе биде со гала-концерт на Националната опера и балет, рече Глигоров. Додаде дека во изминатите години повеќе од 20-тина држави, уметници и автори од целиот свет биле учесници на „Скопско лето“.

Во рамки на „Скопско лето“ публиката утре ќе може да го проследи концертот на ромскиот фолклорен ансамбл „Рајко“ на плоштадот „Карпошово востание“. Се работи за уметници кои со музика се занимаваат од рана возраст и имаат репертоар што опфаќа различен вид музика. На 14 јули во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје концерт ќе има машкиот камерен хор „Св. Ефраим“, кој е христијански хор. Предвидена е и презентација на два унгарски филма.

Затворањето на годинашново „Скопско лето“ ќе биде на 31 јули на плоштадот „Карпошово востание“ со концерт на Ансамблот „Танец“, кој одбележува 70 години од своето постоење. Концертот е насловен „70 лета“.

„Иако „Скопско лето“ е во своите зрели години, останува свежо во духот, секогаш отворено за истражување и борбено, нагласи Глигоров, кој изрази благодарност до Град Скопје и Министерството за култура.

Организаторите апелираат да се следат социјалните мрежи, каде што дополнително ќе бидат објавувани информации за сите настани и известувања доколку дојде до промена на локациите. Се подготвува и брошура во која ќе има текстови од учесници на „Скопско лето“, збогатена со фотографии.

скопско лето
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026

Објавени пробите за настапите на „Евровизија“

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.