Земјотрес утринава во 1 часот и 27 минути се случи на 64 километри југозападно од Скопје.
Јачината на потресот е 2,8 степени според Рихтер.
Епицентарот на земјотресот, според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е во Кичево.







