По неколкуте поскапувања цената на суровата нафта на берзата во Лондон дава надеж дека конечно ќе имаме двонеделен период по кој Регулаторната комисија за енергетика ќе може да постави пониски максимални малопродажни цени.
Барел нафтата се движи околу 75.5 долари и тоа е цената на која е фиксиран овој енергенс во последните неколку дена. Највисоката вредност во изминатиот пресметковен период беше 77 долари кон крајот на минатата недела.
Но и тоа е под просекот од претходните две недели кој изнесуваше 78,6 долари за барел.
Се очекува Регулаторот во понеделник да пресмета пониска максимална малопродажна цена.







