Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Правила и прилагодувања во услови на полициски час
Македонија

Правила и прилагодувања во услови на полициски час

април 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Граѓаните, институциите, стопанството… во целата држава се прилагодуваат на дополнитените забрани за движење на цела територија, откако стапија во сила новите поригорозни мерки на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Возрасните над 67 години и младите лица до 18 години можат да излегуваат само по два часа дневно, од 10 до 12 часот односно од 13 до 15 часот, во работните денови, а по 16 часот до пет часот наутро за сите важи полицискиот час, кој се применува и во тек на цел викенд.

Како што беше појаснето вчера на првата видеоинформативна сесија на
Владата на тема „Ограничено движење“ граѓаните кои имаат потреба од итна медициска помош за време на полициски час, можат без никаква дозвола да појдат до здравствена установа.

Доколку бидат запрени од полиција потребно е да кажат каде одат, а доколку пак тоа го злоупотребат ќе следат санкции.

Едно од ограничувањата во тек на полицискиот час и прогласената вонредна состојба е тоа што повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил.

Патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, ракавици и маска.

Во соработка со Град Скопје ќе се организира превоз со возила на ЈСП и со други возила за лицата што имаат дозволи и одат на работа во време на забрана за движење, пред сè, за вработените во здравствени установи и Клиничкиот центар, кои не можат сами да се организираат додека трае полицискиот час.

Ќе биде објавена точна маршрута по која ќе се движат возилата што ќе ги користат вработените со дозволи за движење, а турите ќе завршуваат пред здравствените установи.

Ќе бидат организирани и во други градови и притоа ќе покриваат што поголема територија.

Во однос на такси-превозот, во Скопје се организирани дежурни таксивозила кои може да превезуваат граѓани од нивниот дом до некоја
здравствена установа во време на полициски час ако имаат потреба, и
оние граѓани кои имаат дозвола за движење.

Според најавите, пријавите за достава на храна од страна на заинтересирани маркети и ресторани ќе оди преку општинските кризни
штабови, а ги координира тело во Владата каде што за доставувачите се
објавени контакти на сите општински кризни штабови.

Министерството за информатичко општество и администрација вчера пушти во употреба нова електронска услуга за секој граѓанин да се пријави за потребна дозвола за движење во време на забрана, преку порталот uslugi.gov. mk, наместо како досега со праќање мејл до МИОА.

Воведена е уште една нова категорија дозволи – за регистрирани одгледувачи на кучиња за секојдневно хранење на животните, а кои не
ги чуваат дома.

За одгледувачите ќе имаат списоци преку Кинолошкиот сојуз.

Дозволите што ги издава МИОА се за неограничено движење и се однесуваат претежно на претставници на институциите што имаат потреба да се движат во забрана за движење, потоа за медиуми на терен (репортери), вработени во мали пекари т.е. производствени погони за храна со помалку од пет вработени, за вработени во погребални претпријатија, а преку подрачни единици на МЗШВ се добиваат списоци за категории земјоделци што имаат потреба да работат на нивните ниви. Исто така, има дозволи и за физички лица за нега на други лица што не можат сами да се грижат.

Според Одлуката на Владата, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што дозволено е родител да биде во поголема група со своите деца до 14 години.

Посебен режим на движење има и за лицата со попреченост.

Тие имаат право да ги напуштаат нивните домови од понеделник во петок во период од 19 до 20 часот, додека за време на викедот од 11 до 13 часот.

Мерката за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

Компаниите кои вршат дејност производство и имаат производни погони, хали и слично, каде непосредно се врши производниот процес, пак, треба да го лимитираат бројот на вработени за работниците да бидат на растојание од еден и пол до два метра, а вработените да не ги менуваат работните места и во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини.

Тоа се дел од новите мерки кои ги донесе вчера Владата за фирмите и
препорача за време на работниот процес од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена.

Земјоделците, пак, што имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Оние чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

Како и приватниот, така и јавниот сектор го прилагоди работното време на новите услови.

Од Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата, министерства и другите органи на државната управа, се изземени вработените во Министерството за внатрешни работи и Царинската управа, со цел работното време за вработените лица во овие институции да биде осум часа, а надоместот за извршена прекувремена работа да биде исплатен по изминати осум часа работа.

На граѓаните кои имаат домашни миленичиња (куче), им се дозволува од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20 часот до 20 часот, а во сабота и недела, наутро од 8 часот до 8:30 часот, попладне од 15 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20 часот до 20:30 часот, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје го прилагоди работењето на новите ограничувања и од денеска па секој работен ден, јавниот превоз ќе функционира од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, односно од 9 до 13 часот автобуси нема да сообраќаат.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Во тек на полицискиот час за викендите ќе немајавен превоз, ниту ќе работат билетарниците и центрите за персонализација.

На граѓаните кои имаат домашни миленичиња (куче), им се дозволува
од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20 часот до 20 часот, а во сабота и недела, наутро од 8 часот до 8:30 часот, попладне од 15 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20
часот до 20:30 часот, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.

актуелно полициски час правила
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.