Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Православните христијани го слават Рождеството Христово-Божик
Во Фокусот

Православните христијани го слават Рождеството Христово-Божик

јануари 7, 2018Updated:јануари 7, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божик.

Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики.

По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое се вели:

„Возљубени празникољупци, Денес не само што си спомнуваме за едно раѓање од пред две илјади години, туку и самите учествуваме во пресветлиот и прерадосен настан на рождеството на Синот Божји, Господ Исус Христос. Денес и ние со ангелите го објавуваме доаѓањето на Спасителот, ја следиме ѕвездата од Исток по патот кон витлеемската пештера, заедно со пастирите Го пречекуваме Новородениот Богомладенец, та со мудреците да Му принесеме дарови на ветениот Месија – Кој е Христос Господ.

Денес се роди Синот на живиот Бог , Оној Kој во почетокот беше во Бога , Кој е одблесок на Божјата слава , во Кого телесно пребива сета полнота на Божеството , и преку Кого Отецот ги создаде и вековите. Денес се потврди вистината дека Бог не ни е далечен, туку е со нас! Со нас е Бог, Кој зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето, и по вид се покажа како човек , овозможувајќи ни на сите кои веруваме во Неговото име да станеме чеда Божји . Преку Неговото рождество се потврди и светоста на секое раѓање и смислата на животот и ни се објави и објасни тајната, криена од векови во Бога , тајна која, еве, се изврши во Христа .

Возљубени во Господа, Ние луѓето сме создадени за благодатна заедница со Бога, и од искона ни е дадена можноста себеси и сето творение непрестајно да Му го принесуваме на Творецот. Но нашите прародители, поради гревот, отпаднаа од таа заедница и, заменувајќи го богољубието со самољубие, Го заборавија Бога, па човекот започна да живее само за себе. Но бидејќи без Бога нема живот, обезбожениот свет се наполни со омраза и со неизвесност и настана бесмислена борба на секој против секого. Човекот застана дури и против својот Создател! Но Троичниот Бог, Кој е љубов, не го заборави човечкиот род, туку Го даде Својот Единороден Син , и не отстапи да твори сè додека не нè воведе на небото и не ни го дарува Своето Царство.

И еве, се роди Кнезот на мирот , но не за да ни суди, туку да нè спаси од смртта и сè да измири со Себе . Миротворењето е суштина на нашата вера, oти Христовото Евангелие е благовестие на мирот . Господ Христос проповедаше и донесе мир за сите луѓе, творејќи мир преку жртвата на крстот . Затоа Климент Александриски вели дека вистинските христијани се народ на мирот , а свети Василиј Велики истакнува дека не е достоен за Христов следбеник, оној кој е без љубов кон другите и кој не е мирољубив кон сите и кон сè .
Христијанското разбирање на мирот не се исцрпува со световното гледиште, кое мирот го гледа само како отсуство на војна, туку оди подлабоко и подразбира обновување на сè во првобитната состојба. Впрочем, и Самиот Христос вели мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам, но не како што го дава светот . Според тоа, мирот кој го нуди Црквата е плод на обновувањето на заедницата помеѓу Бога и човечкиот род. Токму затоа светиот апостол Павле ни укажува дека преку Христа станавме едно со Бога , зашто Неговото раѓање и Неговиот Крст донесоа ново создание и ново човештво, кое е мир.

Возљубени во Христа Богомладенецот, Божествениот дар на мирот станува реалност само кога христијаните постојано живеат во верата, љубовта и надежта. Па, затоа што како христијани го живееме мирот даруван од Бога, не сме рамнодушни пред неговото отсуство од светот, туку молитвено се застапуваме по сета земја да завладее небесниот мир. Имајќи го искуството на Божјата правда, се залагаме за поголема правдина во светот, и за искоренување на сите облици на угнетување. Постојано возвестувајќи дека Бог стана човек, ја препознаваме неповторливата вредност на секоја личност и го браниме правото на сите луѓе да имаат достоинствен живот.

Придонесот на Православната Црква во поглед на владеењето на мирот и на братољубието помеѓу луѓето се состои, пред сè, во саможртвеното сведоштво на љубовта Божја и на надежта во Неговото спасително слово. Доколку постојано Го носиме Бога во нашите срца, ќе можеме да ја сведочиме вистината, и да ги браниме мирот, правдата, слободата и почитта кон човекот како икона Божја. Само така ќе успееме да ја објавуваме светоста на светот, и ќе се удостоиме како христијани да се наречеме синови Божји и достојни чеда на нашите татковци.

Во овие светли дни на соборно прославување на Христовото Рождество, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па да направиме јасли во нашите срца за во нив да се всели воплотениот Богомладенец. Да ги замениме омразата и користољубивоста, одмазадата и себичноста со љубов, пожртвуваност, прошка и милост. Да се поправаме, творејќи дела на благочестие, правдољубие и родољубие, оти Божик е ден во кој ни се откри единственото ново под сонцето, и ден во кој го добивме Дарот над даровите. Токму од таа неповторлива витлеемска ноќ, па до денес, Рождеството Христово е празник на небоземната радост во која учествуваат сите богољубиви души.

Возљубени чеда на Македонската православна црква, Во годината со која се збогувавме, одбележавме пет децении од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија како Македонска православна црква. Во годината, пак, во која зачекоруваме, ќе го чествуваме и историскиот настан од пред 60 години, кога на Вториот црковно-народен собор, одржан на почетокот на октомври во 1958 година, беше обновена славната Охридска столица, а блаженоупокоениот Доситеј беше избран за поглавар на Охридската и Македонска архиепископија.

Ваквите одбележувања се прилика да се потсетиме на времето и, секако, на личностите кои придонесоа да се оттргнат неправдите кон нашата древна Охридска и Македонска Црква. Чествувањето на годишнините е можност да видиме што е постигнато и што уште треба да се направи во иднина, за да не се заборават аманетите на тие што ги донесоа богоугодните и радољубиви одлуки за возобновување на нашата света Црква.

Претстојното лето Господово нека биде исполнето со надеж дека и овде во Македонија, и меѓу иселените нашинци и насекаде по светот ќе завладеат мирот и добрата волја. А тоа најдобро ќе го постигнеме ако живееме според верата и преданието на Светата Црква, ако опстоиме во борбата за правото, достоинството и наследството на нашиот народ и Татковината, мудро чувајќи ја и вреднувајќи ја жртвата на нашите доблесни предци.

Да се поклониме пред новородениот Богомладенец – предвечниот Бог, Кој дојде меѓу нас луѓето и да се зарадуваме во Неговата неопислива слава, покажувајќи се достојни за Царството небесно. Да измолиме мир и добра волја во секого од нас, за да можеме достојно да го дочекаме и овој Божик и сите идни денови. Амин!, стои во Божикното послание на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.

актуелно бог Божик отец син стефан христос
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.