Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пратениците попладнево во надзор на АНБ, утре ќе одат во Агенцијата за разузнавање
Македонија

Пратениците попладнево во надзор на АНБ, утре ќе одат во Агенцијата за разузнавање

септември 10, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратениците од Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) со мнозинство изгласаа денеска во 12 часот да одат во АНБ и да извршат надзор во врска со наводите за прислушување во периодот од 2019 до 2024 година.

Освен во АНБ, членовите на Комисијата изгласаа утре да извршат надзор и во Агенцијата за разузнавање.

Иако вчера на брифинг со новинарите, претседателот на Собранието, Африм Гаши, најави дека денеска со Комисијата ќе претседава пратеникот од редовите на „Европскиот фронт“, Скендер Реџепи, кој е претседател на ова тело, тој денеска не се појави во салата шест, каде што се одржа седницата.

На претседавачкото столче седна неговиот заменик од ДУИ, Блерим Беџети. Тој не даде објаснување зошто Реџепи не претседава со седницата.Уште на почетокот, по отворањето на точката на дневен ред, односно предлог-заклучок за надзор на АНБ во просториите на Агенцијата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, предложи надзор да биде извршен и во Агенцијата за разузнавање.

„Имајќи предвид дека излегоа многу работи кои ја сензибилизираа јавноста, предлагам да го дополниме дневниот ред и со посета на Агенцијата за разузнавање“рече Ковачки.

Пратеничката од редовите на Левица, Јована Мојсоска, рече дека нема да гласа за предложениот дневен ред бидејќи, како што кажа, нема безбедносен сертификат иако поднела барање пред повеќе од шест месеци.

Таа рече дека и во новиот мандат на Собранието се гледаат злоупотреби, односно пратеници од опозицијата да не можат да добијат безбедносен сертификат.

Мојсоска изрази сомнеж дека може да станува збор за политички реваншизам оти, како што рече, Левица прва го открила скандалот со дипломата на актуелниот директор на АНБ, Бојан Христовски. Рече и дека реформата на безбедносните служби не била доследно реализирана.

„Нема да гласам за оваа точка и во новиот мандат гледаме злоупотреби, пратеници од опозицијата не може да добијат сертификати уште од пред повеќе од шест месеци. Ако земеме предвид дека владин функционер кој, има двојно државјанство, има добиено безбедносен сертификат, а пратеници не, тогаш сметам дека Уставниот суд треба да разгледа како се дерогира пратеничката функција. Наместо Собранието да ја избира Владата, изгледа дека Владата го бира Собранието”,рече Мојсоска додавајќи оти не очекува ништо од надзорот на АНБ.

Членката на надзорната Комисија од СДСМ, Славјанка Петровска, рече дека ги поддржува предлозите да се оди и во АНБ и во АР.

„Се согласуваме тој надзор (во АНБ) да биде извршен денес и да направиме увид во она што ќе ни биде приложено”,рече Петровска.

Сепак, таа напомена дека ако Агенцијата не ги декласифицира материјалите, она што СДСМ го бара изминатиот период, тогаш, како што рече, тие нема да можат да ја информираат јавноста за она што го утврдиле при надзорот.

По ова членовите на Комисијата со седум гласа „за“ ги усвоија предлозите за надзор во АНБ и Агенцијата за разузнавање.

Посетата на АНБ е денеска напладне, односно во 12 часот, а утре, според изгласаните заклучоци, пратениците во истиот термин треба да појдат во Агенцијата за разузнавање.

Инаку, седницата на надзорната Комисија што требаше да се одржи во петокот беше одложувана и презакажувана бидејќи нејзиниот претседател одби да ја закаже поради неиздаден безбедносен сертификат.

Инаку, во надзорот на АНБ и Агенцијата за разузнавање можат да учествуваат само членовите на Комисијата и нивните заменици кои имаат безбедносен сертификат.

Барањето за надзор на АНБ дојде на предлог на пратеникот и член на ова тело, Љупчо Пренџов, откако премиерот Христијан Мицкоски и актуелниот директор на АНБ, Бојан Христовски, минатата недела потврдија дека при внатрешна истрага во Агенцијата било утврдено незаконско, неетичко и непрофесионално постапување од еден поранешен директор и група вработени во периодот од 2019 до 2024 година.

Известувања со ваквите наводи се доставени до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), која води предистражна постапка.

Во следниот период ќе се одмотува овој Гордиев јазол, а одговорност мора да има – вели Мицкоски за прислушувањето

ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и премиер тврдат дека во посочениот период како опозиционер тој бил таргет на незаконско прислушување. Од друга страна, од СДСМ бараат декласификација на материјалите за да се се види, како што велат од опозициската партија, целата вистина.

Од каде толкав страв кај Мицкоски од објавувањето на материјалите од наводното следење, прашува Кузеска.

 

агенција актуелно АНБ надзор пратеници разузнавање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.