Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Предавање за Ковид-19 во кабинетот на претседателот
Во Фокусот

Предавање за Ковид-19 во кабинетот на претседателот

октомври 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, вчеравечер се одржа предавање на тема „Ковид 19–предизвици, подготовка за
евентуален нов бран, досегашни искуства и лекување“.

На настанот, како што информираат од кабинетот на претседателот,  свои излагања имаа министерот за здравство Венко Филипче; Џихан Тавила, шефица на Светската здравствена организација во Скопје; Кристина Ставридис од Институтот за јавно здравје и директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Обраќајќи се пред присутните студенти од Медицинскиот факултет во Скопје, сопругата на претседателот изрази задоволство од нивниот интерес да се запознаат со предизвиците коишто произлегуваат од Ковид-19. Таа порача дека глобалната пандемија, а во очекување и на твиндемијата (паралелно зголемување на бројот на заболени од грип и Ковид-19), наложува сериозен и одговорен пристап и дека нивниот
придонес и активна вклученост се повеќе од добредојдени.

„Исклучително е важно сите ние да придонесеме за прекинување на стигматизирањето на болните. Апелирам на почитување на сите мерки, апсолутно, но секој што е инфициран, секој што е болен–не сака да биде болен. Сметам дека и стигматизирањето води кон тоа луѓето да ги кријат контактите и на таков начин невозможно е да се добие вистинската епидемиолошка слика“, истакна сопругата на претседателот Ѓоргиевска, порачувајќи им на студентите во својата секојдневна
комуникација да посветат внимание и на тој аспект.

Министерот Филипче ја нагласи важноста на мултисекторскиот пристап за успешното справување со коронавирусот.

Говорејќи за предизвиците во здравството тој истакна дека парцијалните решенија нема да го дадат посакуваниот резултат, туку системскиот пристап врз основа на
параметри карактеристични за земјата, коишто лесно се анализираат.

„Еден сериозно голем сегмент во унапредувањето и зајакнувањето на здравствениот систем е комуникацијата, и ова што сега го правиме. Во изминатиов период бевме отворени и транспарентни за комуникација, студентите и особено специјализантите беа практично присутни во министерството и даваа сугестии, бидејќи нема поента од наметнато решение. Не можеш да најдеш решение коешто ќе биде добро само за
државата, без да биде добро за оние на кои тоа решение се однесува“, истакна министерот

Шефицата на Светската здравствена организација во Скопје, Џихан
Тавила, изрази задоволство од партнерската, отворена и транспарентна
соработка со министерството за здравство во нашата држава упатувајќи
честитки за постигнатото во однос на проширувањето на капацитетите
со цел поуспешно соочување со Ковид-19.

„Она што е важно е сеопфатната стратегија и конзистентната комуникација – информираноста на населението. Мора да се бориме против лажните вести и дезинформациите, а во најдобра позиција тоа да го сторат се здравствените работници“, рече Тавила.

Д-р Кристина Ставридис ја прикажа најновата епидемиолошка состојба, додека ас. д-р Милена Стевановиќ зборуваше за најновите методи за третман кои се применуваат во лечењето на пациентите со Ковид-19.

Настанот се одржува во рамки на иницијативата започната во февруари во канцеларијата на претседателот Младихаб со стручно предавање од областа на медицината на министерот Венко Филипче, а која продолжи во Вила Водно со предавањето на сопругата на претседателот на тема: „Симплифицирана 3D-визуализација: µCT евалуација in vitro и in vivo“ и со предавањата по повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест на ас. д-р сци Габриела Новотни од Медицинскиот и проф. д-р Кристина Митиќ од Стоматолошкиот факултет во Скопје.

„Главната цел на оваа активност е студентите и младите лекари да се запознаат повеќе со пандемијата на Ковид-19, предизвиците со кои се соочуваме, подготовките за евентуален нов бран, како и со досегашните искуства на превенција и лекување, од страна на компетентни лица“, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

актуелно Ковид-19 предавање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.