Лидерите на седумте партии што учествуваа на средбата која вечерва, на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, се одржа во вилата „Водно“ се договорија на 12 април 2020 година да се одржат предвремени парламентарни избори.
Премиерот Зоран Заев, согласно договорот за т.н. Пржинска влада, на 3 јануари ќе се повлече од премиерската функција.
На средбата кај Пендаровски учествуваа лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицковски и првите луѓе на ДУИ, БЕСА, Алијанса на Албанците, на Алтернатива и на ДПА, Али Ахмети, Билал Касами, Зијадин Села, Африм Гаши и Мендух Тачи.







