Претседателот на Собранието Талат Џафери се уште не ја примил Иницијативата за одржување на референдум од Левица, соопшти неговиот Кабинет.
Од таму наведуваат дека кога ќе ја добијат предлогот и кога Џафери ќе го разгледа и ќе одлучи што ќе прави со него, дали ќе го прифати или не, веднаш ќе го информираат подносителот.
Левица во петокот поднесе Иницијатива за референдум со 750 собрани потписи. Референдумското прашање што го предлагаат е: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022?”.
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, тогаш изјави дека процедурата институционално била комплицирана, изразувајќи надеж дека ќе се исплати, бидејќи формално правно прашањето е јасно поставено и оти не очекува Џафери да го отфрли.







