Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Предлог-законот за попис во фокусот на партиите и пратениците
Македонија

Предлог-законот за попис во фокусот на партиите и пратениците

јануари 14, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Предлог- законот за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка вчера беше во фокусот на партиите. Пратениците ја почна расправата за овој Предлог-закон, а дебатата ќе продолжи денеска на пладне, за кога е закажано продолжението на 29-та седница.

Овој Предлог-закон го образложи заменик-министерот за правда Агим Нухиу, кој рече дека со законското решение е предвидено пописот да се спроведе од 1 до 22 април оваа година, а со него ќе бидат опфатени и лицата кои работат надвор од државата.

– Лицата кои работат надвор од државата, попишувањето ќе го извршат сами, со посебна апликација, која ќе биде инсталирана на интернет-страницата на Државниот завод за статистика, од 1 март до 21 април 2021 година, појасни заменик-министерот Нухиу. Посочи дека со законот се предвидени 50 региони за попис и секој од нив ќе има посебна комисија. Во целиот процес, како што рече, ќе се почитува правичната застапеност во комисиите, како и при изборот на попишувачите.

– Во четвртото поглавје од законот, е предвидено дека актите што ги донесува директорот на Заводот за статистика ќе имаат правен ефект ако нив ги прифати и неговиот заменик. Така, не може да има измама на етничка основа, истакна Нухиу.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара веднаш од собраниска дебата да биде повлечен Предлог-законот за попис и владејачкото мнозинство да организира внатрепартиска и внатредржавна дебата со сите општествени фактори со цел да се најде консензуално решение како да се спроведе оваа статистичка операција. Доколку тоа не се случи, како што изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, партијата ќе поднесе иницијатива до Министерството за правда за собирање на потписи за предлог-закон, со кој ќе се поништи законот за попис.

– Доколку и покрај ова, владејачкото мнозинство одлучи да го игнорира и овој предлог-закон и волјата на граѓаните, тогаш ВМРО-ДПМНЕ јасно кажува дека резултатите од овој попис нема намера да ги признае и идните раководители на институции кои ќе бидат избрани како предлог на ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да ги почитуваат резултатите. Затоа апелираме на разум, државнотворност и консензус пред што било да се дрзнат да направат од владејачкото мнозинство, рече Мицкоски. Додаде дека на земјава и е потребен попис кој ќе даде одговор на статистичките дилеми, а не попис кој ќе биде политички.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека за нив е неприфатлив ваквиот закон и оти ќе гласаат против.

– Со законот не дојдовме до пленарна седница на начин на кој посакувавме и повикуваме. Од самиот почеток баравме државен консензус за ова прашање, а не владино-коалициска одлука на партиите од власта за начин, односно формата за спроведување на пописот. Испуштивте шанса, од самиот почеток да дадете легалност и легитимитет, односно доверба на статистичката операција-наречена попис, нагласи Мицевски. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ сакала да учествува во овој процес и затоа од пратеничката група поднеле 26 суштински амандмани, кои биле во согласност со регулативите и препораките на Европскиот парламент, Обединетите нации и Евростат, но владејачкото мнозинство не ги прифатило.

Мицевски потсети дека власта не го прифатила предлогот на опозицијата при пописот да се користи отпечаток од прст.– Пописот треба да биде статистичка операција која треба да го даде бројки за резидентно население, а не бројот на државјани. Ја нема дефиницијата за постојано место на живеење, која мора да ја има секој закон за попис. Според регулативите на ЕУ и според ООН, за резидентно население се сметаат оние кои живееле во нивното место на вообичаено живеење за континуиран период од најмалку 12 месеци пред пописот; и оние кои пристигнале во нивното место на вообичаено живеење во текот на 12 месеци пред пописот со намера да останат таму најмалку една година, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката и претседателка на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска –Ванчева изјави дека нема да го повлечат Законот за попис од собраниска процедура и нема да поддржат неразумни предлози за одлагање на пописот.

-Оваа земја цели 18 години нема спроведено попис и никој нема право да го кочи или одолговлекува. Зошто на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи пописот е целосно нејасно. Зарем не сакаат да се знае колку наши сограѓани живеат во земјава, а колку во странство, изјави Калеска –Ванчева.

Додаде дека пописот во 2021 ќе биде спроведен согласно прописите на ЕВРОСТАТ, по сите меѓународни стандарди по кои се спроведува една важна статистичка операција.

-Сега имаме Електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис, и податоците ќе бидат компарирани со податоците на други 10 институции. Значи не е можно да се попишат лица кои не постојат. Исто како што не е точно дека ќе се попишуваат граѓаните само со матичен број, рече Калеска –Ванчева, додавајќи дека попис оваа година ќе има. Тоа е важно за државата, важно за економијата, за целокупното наше општество, за развојот на нашата држава и креирање издржани долгорочни политики и стратегии.

актуелно население партии попис пратеници Фокус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.