Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЕУ: Поради Русите кои добиваат српско државјанство, на Србија и се заканува воведување визи
Балкан

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЕУ: Поради Русите кои добиваат српско државјанство, на Србија и се заканува воведување визи

септември 7, 2023Updated:септември 7, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската комисија уште еднаш изрази загриженост поради фактот што голем број Руси по забрзана постапка добиваат српско државјанство, а потоа влегуваат во Шенген зоната без потреба од вадење виза.Тоа, според оценката на ЕК, претставува безбедносен ризик за Европа.Што се однесува до Србија, таа на овој начин ја ризикува својата визна либерализација.

Имајќи го предвид големиот број Руси на кои Србија им дава државјанство по олеснителни и поедноставени правила, Комисијата соопшти дека се загрижени за потенцијалните безбедносни ризици во блокот.

Коментирајќи го ова прашање, портпаролот на Европската комисија за Радио Слободна Европа изјави дека Србија треба да ја усогласи визната политика и да не им дава државјанства на Русите по забрзана постапка.

Притоа, истакна дека Србија како земја-кандидат треба да воспостави построги правила кон Русија и истовремено посочи дека ситуацијата во моментов внимателно се следи.

„Европската комисија е свесна за големиот број руски граѓани кои се населиле во Србија по руската агресија врз Украина.Како од земја кандидат, од Србија се очекува прогресивно прилагодување на политиките и одлуките на Европската унија.Комисијата внимателно ја следи ситуацијата и разменува информации со српските власти во врска со присуството на руски државјани во Србија“, се вели во соопштението на портпаролот.

Меѓутоа, не се соопштено какви мерки ќе преземе Комисијата во случај Србија да продолжи ад-хок да дава државјанства на Русите и да не ја усогласи својата визна политика.

Ова не е првпат ЕУ да изразува загриженост.

Претходно, во мај оваа година, Комисијата објави дека е загрижена поради тоа што Србија дава државјанства на граѓани од други земји според поедноставени правила.

Тогаш портпаролот на Европската комисија рече дека Србија ризикува безвизен режим, бидејќи е зголемен бројот на државјани на трети земји кои добиваат државјанство и потоа влегуваат во земјите на ЕУ без визи.

Новинарката на „Европски Западен Балкан“, Софија Поповиќ, за Нова вели дека во неколку наврати во изминатите шест месеци можевме да видиме предупредувања од Европската комисија поради новите одредби од српскиот закон, со кои државјанство може да се добие по еден година на престој во земјата, полесно отколку порано.

„Конкретно, причината за стравот на Брисел лежи во фактот што огромен број руски граѓани, на кои вообичаено им се ограничуваат патувањата во ЕУ, би можеле да избегаат со српски пасош.Безбедноста на Шенген зоната е од големо значење за Европската унија и Брисел нема да дозволи правилата и процедурите на ЕУ да се кршат преку Србија“, наведува Поповиќ.

Таа посочува и дека ова не е првпат српските власти да си поигруваат со безвизниот режим за српските граѓани.

„Сличен проблем имаше и минатата година, кога Србија прво го укина безвизниот режим за граѓаните на оние земји на кои вообичаено им требаше виза за ЕУ, а потоа после предупредување повторно воведе визи за истите“, рече Поповиќ.

За можноста за укинување на безвизниот режим за Србија, вели:

„Верувам дека на крајот ќе се откажат од таквите мерки и дека нема да се дозволи да се загрози безвизниот режим за Србија, што во очите на граѓаните е едно од најголемите достигнувања на досегашниот евроинтеграцискиот процес. Меѓутоа, обесхрабрувачки е тоа што по толку години од процесот за европска интеграција, властите автоматски не ја земаат предвид обврската да ги почитуваат европските регулативи на кои се обврзаа, туку Брисел мора на ова да ги потсетува“, заклучува Поповиќ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: Нова.рс / Фото: Еспресо.рс)

актуелно Брисел визи државјанство Европска унија русија србија шенген
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.