Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Презентиран вториот квартален извештај за работата на Антикорупциската комисија
Македонија

Презентиран вториот квартален извештај за работата на Антикорупциската комисија

декември 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Евидентно зголемување на бројката на пријави од страна на граѓани, службени лица и започнати иницијативи до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Но, многу предмети кои се отворени и брзо се и затворени од причини за
ненадлежност, недоволно доставени податоци, неосновани наводи, лажни пријави, застарени дела, но и пријави кои немаат врска со законските надлежности на ДКСК, покажува вториот квартален извештај за следење на работата на ДКСК, спроведен во септември и ноември од „Транспарентност Македонија“ во соработка со „Институтот за човекови
права“.

Во овој квартал ДКСК примила вкупно 157 пријави и за истите оформила предмети, за 38 донеле одлуки, додека за пет покренале иницијативи за одговорност.

ДКСК, како што стои во извештајот, оформила и предмети по сопствена иницијатива и тоа вкупно седум предмети, од кои за два донеле одлука и за пет повеле иницијатива за поведување кривично гонење.

Како најзначајни предмети по кои ДКСК отворила предмети во периодот, како што стои во извештај, е за вицепремиерот Кочо Анѓушев, како и нерегуларности при избор на директор на еден институт. ДКСК отворила предмет и ги прибрала сите потребни докази, кои ги доставила Владата на РСМ, на нивно барање.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, во оваа прилика повтори
дека сите имаат големи очекување од Антикорупциска комисија, но треба да се има предвид дека се соочуваат со проблеми со опремата, со софтверот со кој ќе се поврзат со институциите, со просториите, со човечките ресурси…

Извршниот директор на „Транспарентност Македонија“ Ана Јаневска Делева рече дека препорачуваат да се врши приоретизација на предмети и пријави по однос на обем на штета по домашен буџет, остварување на права и обврски, влијанија, итн. а да се одбегне постапување по неколку пати по истата пријава.

„Да се воспостави механизам за филтрирање на пријавите кои не се во
надлежност на ДКСК, за да не се трошат ресурси и време во предмети за кои нема законски основ да се постапува, за оние за кои може да се утврди дека рокот е поминат или за оние за кои нема доволно податоци, да се донесе посебен Етички кодекс за членовите на ДКСК, но и да се предвиди внатрешен/надворешен механизам за евалуација и мониторинг на почитувањето на Етичкиот кодекс, да се објави Регистарот за овластени лица за прием на пријави од укажувачи согласно посочениот рок“, рече Јаневска Делева.

Посочи дека треба да се изнајде институционален/законски механизам за следење и евалуација за степенот на извршување на одлуката/ препораката дадена од страна на ДКСК. Да се најде начин како да се задолжат институциите да постапуваат по одлуките на ДКСК.

Како препорака таа го посочи и изнајдување механизам како ќе се толкува „итни и неодложни работи“ на потранспарентен начин од страна на институциите.

Одговарајќи на новинараско прашање во врска со ветингот во судството, претседателкста на ДКСК рече дека во наредниот период ќе донесат годишен план и ќе прават проверка на судиите.

„Но имајте во предвид дека во земјава има помеѓу 600 и 700 судии. Ние не можеме наеднаш сите судии да ги провериме, што значи во планот треба да влезат одреден број на судии за кои ќе имаме капацитет да ги завршиме. Во текот на следната недела ќе побараме податоци од републичкиот Судски совет и врз основа на тие податоци ќе ја констатираме ефикасноста на судиите, а дополнително ќе ги утврдиме
критериумите и ќе направиме избор на примерок“, рече Ивановска.

Таа додаде дека јавноста не треба да очекува премногу, бидејќи во законт конкретно е кажано кои се надлежностите на Антикорупциската комисија.

„ДКСК ја следиме состојбата дали се поднесуваат анкетни листови за имотната состојба или не и тоа е административната проверка. Вториот дел од проверката е дали тие податоци во анкетни листови се точни или не и до тука завршува нашата работа. Доколку утврдиме дека имаме  несразмерно зголемување на имотот, односно примањата што ги има службеното лице одиме чекор понатаму, а тоа е истражување на имотната состојба“, рече Ивановска.

Потсети дека досега ДКСК има отворено такви предмети за девет личности, меѓу кои се и пет судии, како поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, на Врховниот суд Јово Вангеловски, Светлана Костовска, Софија Лаличиќ…

„ДКСК нема истражен центар да го прави тоа. Тоа го прави Финансиска полиција која има истражители, предметот е таму, ги чекаме резултатите и потоа со одговорните во нашиот сектор ќе треба да ги дооформиме овие предмети. Меѓу тие предмети е и предметот за поранешниот претседател Ѓорге Иванов“, рече Ивановска.

Вања Михајловска експерт и поранешен член на ДКСК истакна дека
Антикорупциската комисија има превентивна функција и може само да иницира и да прашува, а главниот проблем лежи во судството.

актуелно Антикорупциска комисија квартален извештај Работа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.