Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Премиерот Зоран Заев на средба со стопанственици од Стопанска комора
Македонија

Премиерот Зоран Заев на средба со стопанственици од Стопанска комора

јули 28, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, оствари средба со стопанственици од Стопанска комора на северозападна Македонија на којашто предводеше владина делегација во состав, Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, Министерот за економија, Крешник Бектеши, Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, Министерот за животна средина и просторно уредување, Садула Дураки и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
На оваа средба со бизнис заедницата застапувана од Стопанската комора на северозападна Македонија беше изразена поддршка за работатата на новата влада, беа нотирани неколку препораки до Владата како што се, намалување на нерамномерниот регионален развој, инфраструктурно уредување на зоната Визбегово, поддршка за локалниот бизнис, иако, како што истакна и самиот претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа, голем дел од препораките на оваа комора веќе се вклучени во новата владина програма.
Премиерот Заев порача дека ова е значајна средба од причини што владата воспоставува нова инклузивна пракса на партнерство со бизнис заедницата во креирањето и спроведувањето на владините економски политики.

„Како резулатат на разговорите што ги имавме со претставници на Стопанска комора на северозападна Македонија се случи преку 80 отсто од стратегијата на Стопанската комора на северозападна Македонија да биде составен дел од програмата на Владата на Република Македонија. Во програмските определби на Владата ќе го видите рамномерниот економски развој, со цел 1 отсто од БДП да се распределуваат рамномерно низ цела Македонија, односно околу 90 милиони евра годишно, ќе го видите и инфраструктурното уредување на зоната Визбегово и други практички економски мерки кои доаѓаат од деловната заедница“, рече премиерот Заев.
Премиерот Заев посочи дека министрите од економскиот тим на Владата имаат искрена желба да ги следат практичните потреби на деловните луѓе и ги повика претставниците на Стопанската комора на Северозападна Македонија со нивниот реален и конструктивен пристап да ги следат активностите на владата.
„Владата преку ребалансот го вклучи во расходниот дел на буџетот, воедначувањето на условите за поддршка на инвестиции на домашните со странските компании.Тоа значи дека секој странски инвеститор којшто ги добиваше сите бенефиции од државата, сега ќе важат исто и за домашните инвеститори. До крајот на август со економскиот тим на Владата ќе ги објавиме пакетите или т.н. мениа. Транспарентно, секој да знае што може да очекува од владата. Базичните пакети ќе важат за сите. Ослободувањето од персоналниот данок и данокот на добивка ќе важи за сите и тоа е базичен или примарен пакет“, истакна премиерот Заев.
Зборувајќи за мерките предвидени во ребалансот на Буџетот, премиерот Заев ја презентираше мерката „Гаранцијата за млади“ со која државата ќе обезбеди вработување, тренинг или обука за младите, а со тоа ќе се овозможи и квалификувана работна сила за компаниите. Премиерот ги презентираше и мерките со кои државата финансиски ќе ги помгне фирмите кои ќе вработуваат луѓе од администрацијата со цел да се обезбеди ефикасна администрација која ќе одговори на потребите на стопанството и граѓаните.
„Во делот на капиталните инвестиции, завршува времето кога приоритет добиваа странските компании заради тоа што се гиганти или големи капацитети. Ќе ги делиме на лотови сите дејности. Ако во еден проект има 7 лота, да може една компанија да си најде во дел на услугата, друг да се најде во механизацијата, трет може да понуди физичка работна сила како асистенција, четвртиот може да го земе проектирањето, ако има проектантско биро. Целта е да направиме колку што е можно поголем ангажман кон домашните компании. Еден дел од финансиските ресурси се одлева надвор, наша намера е тука да остане. Најчесто тоа се одвива преку добивките на странски компании коишто се појавуваат по одредени проекти, го зема проектот, го изведува и заминува од државата со профитот.
„Ние мислиме дека профитот треба да остане тука, максимално колку што може, не сакаме да ги нарушиме меѓународните правила, но ќе покажеме сериозна волја и убеденост дека тоа треба да го разглобиме да им дадеме на домашните компании да го искористат оној дел којшто претставува нивна предност, а тоа значи тука се, трошоците им се помали, транспортот им е помал и тие во суштина се поконкурентни од било која странска компанија“, истакна премиерот Заев.
На оваа средба свои обраќања имаа и Заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и Министерот за економија, Крешник Бектеши.
Заменик претседателотна владата задолжен за економски прашања, Анѓушев во однос на препораката на комората за зоната Визбегово, рекол дека во тек се консултации со кои се планира трајно инфраструктурно и урбанистичко решавање на проблемот.
Во однос на локалниот регионален развој порача дека во тек е спроведување на проект финансиран од швајцарската влада кој предвидува дигитализација, односно софтверско решение преку кое ќе се врши евиденција на секоја инвестиција направена на територијата на Република Македонија, со што ќе се обезбедат објективни резултати и ќе се знае секој денар инвестиција каде завршил.

Министерот за економија, Бектеши истакнал дека неговото министерство интензивно ги разгледува можностите за привлекување на инвестиции од дијапсората преку државна помош и поволности, и ги повикал фирмите да аплицираат за државна помош која што оваа година со ребалансот изнесува 10 милиони денари за мали и средни претпријатија.

На крајот од средбата заеднички било заклучено дека ваквата плодна соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Стопанска комора на северозападна Македонија и во иднина ќе продолжи.
актуелно Зоран Заев македонија стопанкска комора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.