Ариел Анри, премиерот на Хаити, го преживеа атентатот за време на прославата на Денот на независноста, јави ТВ каналот ВТВ.
Во пукањето пред катедралата во градот Гонаив убиено е најмалку едно лице, а неколкумина се повредени во саботата вечерта, за време на прославата на Денот на независноста на Хаити. Анри не е меѓу повредените.
Според извештаите на локалните медиуми, вооружена банда која дејствува во областа каде што се наоѓа катедралата го предупредила премиерот да не доаѓа.
По обидот за убиство, властите ги откажале другите настани со кои што требало да биде одбележан Денот на независноста од Франција, 1 јануари 1804 година.
Кризата на Хаити која трае неколку години, кулминираше со убиството на претседателот Жовнел Моиз, на 7 јули 2021 година.







