Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пресметан падот на економијата, следи потешкиот дел за опоравување
Економија

Пресметан падот на економијата, следи потешкиот дел за опоравување

мај 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кризата со пандемијата од Ковид – 19, според проекциите на Министерството за финансии, ќе ја намали за 3,4 проценти активноста на македонската еконономија годинава. Бизнисот оценува дека на земјава и претстои потешкиот период на совладување на кризата и обнова на економските текови, за што има очекувања од најавата за олабавување на здравствените мерки кои ја блокираа работата на повеќе дејности.

-Ефектите од кризата врз економијата, се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, а во четвртото закрепнување на економијата и раст,  рече вчера на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска, оценувајќи дека засега работите се одвиваат подобро од предвиденото сценарио на Министерството за финансии.

Последните информации на здравствените институции покажуваат дека епидемијата спласнува поради што и се очекува да се олабават мерките. Според најавите, до крајот на неделава треба да бидат изработени протоколите за работа на затворените компании и институции и се очекува да се применуваат веќе од следната недела.

Ангеловска прецизираше дека здравствените мерки што се во сила и натаму ќе делуваат на услужниот сектор, транспорт, угостителството, туризам, дејноста „уметност, забава и рекреација“, прометот на трајни добра, но и врз дел од индустриските капацитети и градежната дејност, пред се, во вториот квартал.  Тоа ќе влијае врз потрошувачката и инвестициите, а сето тоа ќе се одрази и на побарувачката. Исто така, и падот на дознаките од странство и на странските директни инвестиции ќе влијаат кон дополнително надолно прилагодување на потрошувачката и инвестициите. Олеснителна околност, оцени Ангеловска, ќе бидат антикризните мерки, кои ќе придонесат кон ублажување на последиците врз пазарот на работна сила и доходот на домаќинствата, а со тоа и врз нивната потрошувачка. Како резултат на сето ова, приватната потрошувачка се очекува да се намали за 3,3 проценти, а бруто-инвестициите за 9,6 проценти на реална основа.

Буџетските приходи во април се намалени за 20 проценти, а даночните за 31 процент, придонесите се на исто ново како лани.  По основ на ДДВ има помалку приходи за 43,5 проценти, персоналниот данок на доход забележа пад од -11,7 проценти, данокот на добивка забележа раст од 3,6 проценти, акцизите пад од 40 проценти, а наплатата на царините е помала за 26 проценти.

Последиците од кризата врз работните места државата очекува да ги намали со мерките за помош на стопанството, а за поддршка не ликвидноста досега се овозможени две кредитни линии за бескаматни кредити.

Како што информираше Ангеловска, околу 7.000 компании аплицирале, ги користат или ќе користат некоја  од двата сета економски мерки што ги претстави досега Владата.

Од бескаматните кредитни линии што беа лансирани, првата веќе комплетно е искористена и со неа 631 компанија што вработува 5.600 лица добија одобрени вакви и кредити во износ од 4,7 милиони евра. За  втората линија од осум милиони евра, пак, на првиот ден од објавата се доставени  600 апликации од компании.

Рокот за аплицирање на мерката субвенции за исплата на плати во приватниот сектор во износ од 14.500 денари истекува на 7 мај, а првите исплати се очекуваат на 10 мај. Досега ваква поддршка побарале 5.350 компании, а над 4.000 се веќе одобрени.  Токму оваа мерка, според Ангеловска, се очекува да придонесе за враќање на работните места на дел од лицата кои останаа без работа во март и април како последица а кризата. Според официјалните информации на  Агенцијата за вработување, од почетокот на кризата во март и во април се регистрирани нови 9 000 невработени.

Податоците што ги објави вчера Стопанската комора на Македонија покажуват дека 71 процент од нивните членки и покрај проблемите со кои се соочуваат поради пандемијата  засега не најавуваат затворање на компаниите. Но сепак, како што посочуваат од комората, пред сите компании стои проблемот со одржување на ликвидноста и проблемот со извозот на државата заради најавените прекини на голем дел од договорите.

Според комората,  македонската економија веќе втор месец функционира во исклучително тешки околности, а се потпира на своите сопствени резерви,  а владините мерки и покрај најдобрата волја и намера на Владата се комплицирани и тешко достапни до значаен дел од нашите членки.

– На нашата држава и претстои потешкиот период на совладување на кризата и обновата на економските текови. Во тој период цениме дека државата мора да комуницира со својот економски дел кој е единствениот креатор на приходите во буџетот. Ако тој не функционира, нема ни шанса за нормален живот, порача на прес-конференција Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанска комора.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, падот на буџетските приходи за 20 проценти е показател дека македонската економија е во очајна криза.

Оттаму тврдат дека се отпуштени над 100 000 граѓани и оти секој четврти работник во земјава зема намалена плата. Очекуваат невработеноста да биде над 20  проценти.  – Мерките на Владата во економијата се мизерни и задоцнети и никако не помагаат во справување со последиците од корона пандемијата, обвинува ВМРО-ДПМНЕ од каде бараат концизни и широкоофатни мерки.

Како што најави министерката Ангеловска,  Владата ја следи состојбата и ако има потреба од дополнителни мерки, тие ќе бидат преземени. Веќе се прави план за постепено отворање на економијата, а во неговата изработка се вклучени и економските ресори и стопанските комори. Засега не може да се каже кога тоа ќе се случи затоа што, како што рече, се зависи од здравствената криза, од линијата на новозаболени, на излечени.

актуелно економија пад
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.