Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.
Од пладневните часови претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано невреме.
Нестабилноста ќе се задржи и во вечерните часови. UV=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.






