Претседателот Стево Пендаровски ја поздравува одлуката на Судот за човекови права во Стразбур донесена утрово.
По објавувањето на одлуката, претседателот со советничкиот тим го разгледаа донесеното решение. Нивниот заклучок е идентичен со заклучокот на Европскиот суд
„Сите засегнати со постапките поведени од страна на обвинителството и судовите во државата, треба своите права да си ги остваруваат пред домашните институции, како што е наведено и во одлуката на Судот во Стразбур“, истакна Пендаровски.
Во оваа смисла, сите постапки пред домашните судови продолжуваат до нивно конечно завршување, односно исцрпување на сите правни средства согласно правните прописи на нашата држава.







