Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Претставата „Жаба“ на репертоарот на „Охридско лето“
Театар

Претставата „Жаба“ на репертоарот на „Охридско лето“

јули 14, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Утре, во предворјето на Света Софија, во рамките на овогодишното „Охридско лето“ публиката ќе ја проследи култната драмска претстава „Жаба“ од Дубравко Михановиќ, а во режија на Елмир Јукиќ.

Претставата е во изведба на „Камерни Театар 55“ од Сараево, Босна и Херцеговина.

По тој повод, денеска беше организирана прес конференција на која говореа селекторот на драмската програма Зоран Љутков, актерите во претставата Мирсад Тука, Александар Сексан и Моамер Касумовиќ и директорот на „Камерни Театар 55”, Емир Хаџихафизбеговиќ.

Претставата е направена како интимна игра која донесува ликови кои не се снајдуваат во времето на транзицијата и времето на промените.

„Таа го дијагностицира времето во кое живееме. Проблемите и случувањата кои се исти, или слични, и во Босна и во Хрватска и во Србија, но и во другите краеви од поранешна Југославија. Постранзицискиот период со дисолуцијата на заедничката држава, бесмислата на срушениот систем на вредности, планетарната цивилизациска инверзија, цунамито на неолибералниот капитализам. Тоа е првенствено проблем на непостоење на комуникација и неможност да се слушне туѓото мислење, но и екстремната манипулација на луѓето од страна на властите“, рече на прес конференцијата директорот Хаџихафизбеговиќ.

Жанровски претставата му припаѓа на психо-реализмот. Специјално за „Камерни Театар 55”, ја напишал познатиот хрватски драматург Дубравко Михановиќ, кој пишува и сценарија за радио-телевизиски и документарни емисии и филмови.

Театарската претстава „Жаба“ во 2004 година е прогласена за најдобра за таа сезона во Хрватска, а Михановиќ за неа ја доби престижната награда „Марин Држиќ”, нему втора по ред после онаа за претставата „Бело”, во 1998.

„Жаба“ се игра веќе десетина години. Изведена е околу 250 пати во земјите на поранешна Југославија, како и во светот, бидејќи е преведена и на англиски јазик.

„Охридско лето 2017“ свеченото беше отворено во средата, во атрактивниот Антички театар, со членовите на реномираниот американски смут џез-квартет „Форплеј” во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија и диригентот Емин Џијан,

Вчера, пак, на програмата беше балетска претстава „Ла, ла, ла”, во изведба на  членовите на Македонската опера и балет.

Жаба охрид Претстава Сараево театар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Садако сака да живее“ – нова премиера во Театарот за деца и младинци – Скопје

март 13, 2026

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

февруари 5, 2026

Скопје утрово втор најзагаден град во Европа, по Сараево

декември 17, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.