Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Претставата „На отворено море“ на Југословенскиот драмски театар од Белград го затвора „Охридско лето“
Настани

Претставата „На отворено море“ на Југословенскиот драмски театар од Белград го затвора „Охридско лето“

август 20, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со изведба на претставата „На отворено море“ во режисерска поставка на Егон Савин и актерската екипа на Југословенско драмско позориште од Белград вечерва на Античкиот театар ќе биде спуштена завесата на годинашното 61. издание на
фестивалот „Охридско лето“.

Претставата „На отворено море“ на Бранислав Нушиќ е жанровски комплексно парче: трагично, апсурдно и сатирично.

Тоа е приказна за љубовната афера на една убава, среќно омажена жена со министер во владата. Во оваа драма сите се уценети и корумпирани, бидејќи тоа се луѓе од власта или од непосредна близина на власта. Зад семејните пријателските и љубовните врски стои исклучиво голиот интерес. Сите имаат корист од оваа афера.

Улогите ги толкуваат Ненад Јездиќ, Слобода Миќаловиќ, Љубомир Бандовиќ, Весна Станковиќ, Бојан Лазаров, Цвијета Месиќ, Jована Беловиќ, Бојан Димитријевиќ, Небојша Миловановиќ, Mаја Колунџија Зорое, Mарко Баќовиќ и Богдана Обрадовиќ.

Претставата почнува од 21 часот, а не се препорачува за лица помлади од 16 години.

Режисерот Егон Савин е редовен професор на Катедрата за театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Режирал различни драмски репертоари, од современи домашни автори до светски класици. Работел низ цела поранешна Југославија и во странство. Во Југословенско драмско позориште ги режирал: „Маките по Живоин“ од Радослав Павловиќ, „На летовање“ од Максим Горки (1990), „Шумата од А. Островски (2005), „Така мораше да биде“ од Бранислав Нушиќ (2007), „Тартиф“ на Молиер (2008), „Вујко Вања“ А.П.Чехов (2018) и други. Добитник е на најзначајните домашни и меѓурнародни награди и призанија за режија.

Инаку, изминатите 40 фестивалски дена минаа без било какви откажувања или измени во програмата.

Сцените на црквата „Света Софија“, нејзиното предворје, на Античкиот театар, Долни Сарај, како и Центарот за култура „Григор Прличев“ беа местата низ кои продефилираа повеќе од 500 уметници од 18 држави од Европа и целиот свет.

Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Концертот на Дејвид Гета ќе го блокира центарот на Скопје

септември 7, 2026

Јуни е време за „Јуниор деј“ на „Спорт лајф“

јуни 12, 2023

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2022/2023

ноември 30, 2022
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.