Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прибе: Препораките беа насочени кон проблемите, а не кон политички опции
Македонија

Прибе: Препораките беа насочени кон проблемите, а не кон политички опции

февруари 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Германскиот правен експерт, Рајнхард Прибе денеска на свечена академија на Универзитетот ФОН, беше промовиран за почесен професор, титула како признание за компетентност и исклучиви дострели на домашни и меѓународни личности во доменот на повеќе општествени гранки, меѓу кои и правото и политиката.

Признанието му беше врачено во присуство на членови на дипломатскиот кор, министри, други познати личности и студенти, како и академик Владо Камбовски и ректорот на ФОН, Нано Ружин.

Во време на висока политичка криза во Македонија по објавувањето на бомбите, германскиот правен експерт ги скенираше аномалиите во македонскиот правен систем и изготви два извештаи за реформите во Македонија и неопходните промени на патот кон ЕУ и НАТО.

„Искрено бевме скептични дека ратификацијата ќе помине лесно, но видовме дека помина. Двајцата премиери покажаа храброст да го постигнат Договорот. Ова е неверојатен пример што можат да постигнат двајца премиери кога ќе ги надминат секојдневните реторики. Видовме како Договорот од Преспа веднаш ги отвори вратите за НАТО, но се плашам дека патот кон Европската Унија ќе биде подолг и поболен, изјави Прибе.

На барање на Европската Комисија, Прибе е во посета на Македонија, каде што изготвува извештај за напредокот на државата во реформите.

Проблематичното излегување на Велика Британија од Европската Унија, Прибе смета дека е лекција за земјите од Западен Балкан преку која можат да научат за бенефитите кои ги носи членството во Унијата. Но во моментов оценува дека и во ЕУ постојат проблеми.

Тој е избран за редовен професор од Меѓународниот универзитетски совет на Меѓународниот универзитет за мир на ОН – Европскиот центар за мир и развој со седиште во Белград, кој има свои активности во повеќе држави од регионот.

Тој држи предавања од областа на правото на Европската унија и е ментор на последипломски и докторски студии во повеќе единици на Европскиот центар за мир и развој, меѓу кои и во неговиот клон во Република Македонија. Бил во својство и на визитинг професор на наши универзитети.

Говорејќи за достигнувањата на Прибе во Македонија, професор Ружин потенцираше дека Прибе успеал да навлезе директно во менталитетот на одлучувачите во Македонија и дал одлична насока на каде треба да се движи државата.

македонија насочени препораки Прибе проблеми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.