Паметниот трик е тестиран во видео на социјалните мрежи и ги остави гледачите изненадени колку е ефикасен. Корисниот совет е всушност многу едноставен: го премачкувате ретровизорот со сапун, а потоа нежно го бришете со крпа, оставајќи тенок слој од водоотпорен сапун на стаклото.
Затоа кога ќе падне вода на огледалото, таа се лизга од него без капките да останат собрани на површината.
Трикот изворно е пронајден на ТикТок, а го тестираше корисникот на Инстаграм Мајкл Киеј. Тој објави клип од тестот со натпис „Факт или фикција?“, пишува британски „Сан“ (The Sun).
Во видеото тој го тестираше трикот на еден од своите автомобили, „форд мустанг“. Го користел додатокот за прскалка на цревото за да симулира дожд, прскајќи го својот ретровизор со капки. Потоа го избриша со сапун, па со крпа. На крајот го натопи со вода од пластично шише, која истече, а на огледалото не остана капка.
Коментаторите беа изненадени од паметниот совет. Еден напишал: „Тоа е наука“. Обидувајќи се да го објасни трикот, еден коментатор, пак, напиша: „Тоа е поради маслото во сапунот“. И навистина е така, барем во теоријата, бидејќи маслото не се раствора во вода, па површините обложени со масло се водоотпорни.
Меѓутоа, друг коментатор повика на претпазливост, предупредувајќи дека слојот од маслото може прекумерно да ја рефлектира светлината од другите автомобили што возат позади.







