Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Откриена мистериозна древна населба на Пиринеите
Интересно

Откриена мистериозна древна населба на Пиринеите

јуни 6, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Праисториско пештерско живеалиште, кое според научниците претставува највисок ваков локалитет досега откриен, укажува на постоење на организирано општество со развиени економски активности во високопланинските предели.

„Мистериозната древна населба е откриена на изненадувачки голема надморска височина на шпанските Пиринеи“, објави „Сајанс фокус“ (Science Focus).

Според нова научна студија, праисториската пештера позната како „Кова 338“ (Cova 338) се наоѓа на 2.235 метри надморска височина во долината Нурија, што ја прави највисоко познато живеалиште од овој тип откриено досега во регионот. Со децении археолозите претпоставувале дека областите над 2.000 метри надморска височина биле користени исклучиво за краткотрајно минување или сезонски движења на луѓе. Меѓутоа, новите резултати потврдуваат дека во период од околу 5.000 години, помеѓу 5. и 1. милениум пред новата ера, различни човечки заедници всушност подолгорочно престојувале во овие високопланински пештери.

Она што особено го привлекува вниманието на истражувачите е фактот дека населувањето не било континуирано. Археолошките анализи покажуваат дека постоеле периоди на напуштање на локалитетот, по што луѓето повторно се враќале. Според научниците, ова укажува дека престојот бил организиран и веројатно однапред планиран во рамки на одредени активности или сезонски циклуси.

Ископувањата биле спроведени во периодот од 2021 до 2023 година, под раководство на истражувачи од Автономниот универзитет во Барселона (УАБ) и Каталонскиот институт за човечка палеоекологија и општествена еволуција (ИПЕС-СЕРКА). При археолошките истражувања биле откриени остатоци од огништа и животински коски, фрагменти од керамика, како и два привезока – едниот изработен од морска школка, а другиот од заб на кафеава мечка.

Дополнително, во пештерата била пронајдена и колекција на зелени минерали за кои истражувачите сметаат дека најверојатно претставуваат малахит- минерал од бакар, што се смета за еден од најраните докази за експлоатација и користење на бакар во западна Европа.Особено значаен е и приврзокот изработен од заб на мечка, кој според научниците претставува ретко археолошко откритие и можеби имал симболично или ритуално значење во заедниците кои престојувале на ова место.Според студијата, минералите биле донесени во пештерата за дробење и обработка. Научниците заклучуваат дека, со оглед на сложеноста на активностите, луѓето не само што престојувале, туку и организирано ги користеле овие простори за специфични економски и производствени цели.

– Планината не била пречка, туку активен простор во рамки на економската и територијалната организација на праисториските заедници, изјави коавторот на студијата, д-р Еудалд Карбонел од ИПЕС-ЦЕРКА

Главниот автор на истражувањето, професорот Карлос Торнеро од Катедрата за праисторија при УАБ, посочи дека долго време се сметало дека ваквите високи предели биле маргинални зони, но новите докази го менуваат таквото мислење.

– Она што го документиравме е повторно населување, сложени активности и јасно користење на минералните ресурси, заклучи Торнеро.

Студијата е објавена во научното списание „Граници во еколошка археологија“ (Frontiers in Environmental Archaeology). 

 

Извор: МИА

Фото: УАБ – принтскин

актуелно древна мистериозна населба пиринеи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.