Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Принцот Вилијам се врати на своите должности по операцијата на неговата сопруга и веста за ракот на кралот
СВЕТ

Принцот Вилијам се врати на своите должности по операцијата на неговата сопруга и веста за ракот на кралот

февруари 8, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Британскиот принц Вилијам вчера им се врати на должностите по операцијата на неговата сопруга Кејт и веста дека кралот Чарлс Трети боледува од рак, а неговиот помлад брат Хари се враќа во САД откако го посети нивниот татко.

Престолонаследникот Вилијам ги одложи планираните ангажмани за да се грижи за своите деца, откако 42-годишната Кејт на 16 јануари беше подложена на операција на абдоменот и помина две недели закрепнувајќи во болница.

Неговиот татко во истата болница се лекуваше поради зголемена простата пред Бакингемската палата во понеделникот да објави дека дополнителните тестови покажале оти 75-годишниот монарх има рак.

Вилијам (41) денеска првпат официјално се појави во јавноста по здравствените проблеми на кралското семејство. Вилијам присуствуваше на церемонија на доделување државните почести во замокот Виндзор, а подоцна присуствуваше и на хуманитарна гала вечера.

Бидејќи кралот ги одложува јавните обврски поради лекување, а Кејт нема да се врати на своите обврски најмалку до Велигден, товарот ќе падне на преостанатите членови на кралското семејство, особено на Вилијам и кралицата Камила.

Кралскиот коментатор Роберт Хардман рече дека Вилијам веќе презел значителен дел од државните должности кон крајот на владеењето на кралицата Елизабета кога таа имала потешкотии да се движи.

– Во таа смисла не е толку различно, но очигледно постои товар од очекување. Тој ќе мора да биде замена во многу прилики, тој ќе биде како шеф на државата на многу начини на ист начин како што беше принцот Чарлс кога кралицата беше болна, изјави Хардман.

И покрај дијагнозата, Чарлс има намера да продолжи со повеќето кралски должности приватно. Секоја среда ќе разговара со премиерот Риши Сунак по телефон, потврди портпаролот на премиерот.

Бакингемската палата не даде детали за здравствената состојба на Чарлс освен дека не е рак на простата, но објави дека кралот останува „апсолутно позитивен“ и со нетрпение очекува да се врати на јавните обврски што е можно поскоро.

Фото: Х

актуелно Вилијам враќање дожности принц
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.