Апелациониот суд Скопје ја им уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство, ги преиначи првостепените решенија и ја уважи жалбата на обвинителството, и заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка им определи мерка притвор на Горан Грујовски, Никола Бошковски и Тони Јакимовски.
За Сашо Мијалков и другите обвинети остануваат истите решенија донесени од скопскиот кривичен суд. Тој и неговите соработници во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ остануваат само без нивните патни исправи.
(Фото: Макфакс)