Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Приходите во Буџетот до ноември поголеми за 4,4 проценти
Финансии

Приходите во Буџетот до ноември поголеми за 4,4 проценти

ноември 27, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Приходите и приливите во Буџетот на Република Македонија во десетте месеци од годинава се во рамки на очекувањата за овој период, а плаќањата на расходите се реализираат редовно и навремено.

Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски денеска образложувајќи го Предлог-буџетот за наредната година во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според Тевдовски вкупните приходи се реализирани во износ од 146,4 милијарди денари или 79 отсто, односно тие се повисоки за 4,4 проценти во однос на наплатените во тој период од претходната година. Од овој износ, 87 милијарди денари се даночни приходи, кои бележат пораст од 3,4 милијарди денари или четири отсто повеќе во однос на лани. Приходите од ДДВ се реализираа за 1,9 отсто повеќе во однос на истиот период во 2016 година, односно достигнаа ниво од 39,9 милијарди денари и истите доминираат во структурата на даночните приходи со 45,9 отсто.

Приходите од персоналниот данок на доход во периодот јануари-октомври 2017 година се наплатени во износ од 12 милијарди денари, што претставува раст од 7,5 проценти во однос на истиот период претходната година. Во истиот период наплатени се приходи од данокот од добивка во износ од 9,9 милијарди денари и се за 10 отсто повисоки во однос на истиот период од минатата година.

Повисоки од планираните се и приходите од акцизи и во десетте месеци од 2017 година тие достигнале ниво од 19,3 милијарди денари, што е за 4,1 отсто повеќе од минатата година.

Приходите од социјални придонеси се остварени во износ од 42,9 милијарди денари, што е за две милијарди денари или 4,9 проценти повеќе од соодветниот период во 2016 година. Притоа, по основ на пензиско осигурување реализирани се 28,9 милијарди денари, додека по основ на здравствено осигурување наплатени се 12,2 милијарди денари.

Во периодот јануари – октомври 2017 година, неданочните приходи изнесуваат 11,3 милијарди денари, и во однос на истиот период 2016 година се повисоки во износ од 438 милиони денари, односно за четири отсто.

Во овие рамки доминантни се неданочните приходи на буџетските корисници на сопствените сметки, кои се остварени на ниво од 7,2 милијарди денари и административните такси реализирани во износ од 1,3 милијарди денари.

Капиталните приходи изнесуваат 1,2 милијарди денари, и се пониски за 34,4 отсто во однос на анализираниот период минатата година како резултат на пониската дивиденда од АД Македонски телеком.

Буџетските корисници реализирале и 3,8 милијарди денари по основ на донации од меѓународна, мултилатерална и билатерална соработка.

Расходите во периодот јануари – октомври 2017 година се реализираа во износ од 157,6 милијарди денари или околу 77,5 отсто, односно тие се за 6,5 милијарди денари или 4,3 отсто повисоки во однос на истиот период минатата година.

Во овој период, рече министерот, навремено и непречено се подмируваа сите обврски на буџетските корисници, законските права на граѓаните и доспеаните обврски.

Од јануари до октомври годинава остварен е дефицит на Буџетот во висина од 11,3 милијарди денари што е за 345 милиони денари или 3,2 отсто помалку од соодветниот дефицит во 2016 година.

Државниот долг на Република Македонија на 30 септември 2017 година изнесува 3,9 милијарди евра, односно 37,8 отсто од БДП, додека јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра, односно 45,8 отсто од БДП.

актуелно БДП буџет данок долг доход Драган Тевдовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.