Принцот Хари отпатува од Калифорнија за да присуствува на крунисувањето, но неговата сопруга Меган Маркл не.
Меган остана во Америка со тригодишниот Арчи и едногодишната Лилибет, а наводни причини за нејзиното отсуство има низа.
Дејли Телеграф наведе дека една од нив била нејзината желба да го прослави четвртиот роденден на Арчи, кој се паѓа на денот на неговото крунисување.
Весникот исто така објави дека таа одлучила да се држи настрана бидејќи не добила задоволителен одговор на писмото што го испратила до кралот во кое изразува загриженост за несвесната пристрасност во кралското семејство.
Покрај неа, на крунисувањето не присуствуваа братот на принцезата Дијана, Ерл Спенсер, Сер Елтон Џон, Адел, Сара Фергусон, данската кралица Маргарет Втора.







