Продажбата на станови и куќи во САД зголемена е во март повеќе од очекуваното, и тоа најмногу од февруари 2007, соопшти американската Национална асоцијација на трговците со недвижности.
Продажбата бележи раст за 4,4 отсто во март, додека економистите чекаа зголемување од 2,5 отсто, јави Си-Ен-Би-Си.
Додека бројот на станбени недвижности во понудата минатиот месец е зголемен за 5,8 отсто, на 1,83 милиони, тој број е намален за 6,6 отсто во однос на периодот од пред една година, што значи дека побарувачката е поголема од понудата.
Недвижностите во просек во март биле на пазарот 34 дена, додека во февруари биле 45 дена.
Продажбата на станбени недвижности падна во февруари за 3,7 отсто, што е повеќе од очекуваното, покрај недоволната понуда, која предизвика скок на цената и го ограничи бројот на потенцијални купувачи.







