Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Продолжување на гласањето за два часа за да се избегне евентуален метеж, предвидува протоколот за изборниот процес
Македонија

Продолжување на гласањето за два часа за да се избегне евентуален метеж, предвидува протоколот за изборниот процес

јуни 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Задолжително носењето на заштитна маска, држењето физичка дистанца, честата дезинфекција на рацете и проветрување на просториите, се дел од правилата кои треба да се почитуваат во целокупниот изборен процес и на денот на гласањето, кој со оглед на истекувањето на вонредната состојба, треба да биде на 5 јули, но за кој нема согласност од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на пресконференција побара избори кон средината на јули, наместо на 5 јули, а еден од условите што ги постави беше подготовка на протоколи за заштита здравјето на граѓаните.

Комисијата за заразни болести пред еден месец, поточно на 14 мај излезе со Протокол за целокупниот изборен процес од предизборните активности до денот на гласањето.

Протоколот на прес-конференција го презентираше министерот за здравство Венко Филипче, кој тогаш изрази очекување сите политички субјекти да ги почитуваат одредбите од Протоколот.

Протоколот беше едногласно поддржан од сите членови на Комисијата за заразни болести и тој мора да се спроведува целосно, без исклучоци за да се заштити здравјето на граѓаните.

Предвидува мерки и ограничувања кои прецизно го регулираат начинот на кампањата, партиските активности и собирите.

Составен е од четири дела во кои се опфатени предизборните активности, спроведувањето на кампањата, одржувањето на партиските состаноци и денот на изборите.

На денот на изборите, сите членови на избирачките одбори и набљудувачите мора да носат заштитна опрема, да седат во простории со отворени прозорци или често да ја проветруваат просторијата.

На секое избирачко место мора да има средства за дезинфекција, а
гласачите да бидат на растојание од два метра и пред да влезат на гласање да ги дезинфицираат рацете.

Маската треба да ја тргнат кратко само заради идентификација, а по гласањето повторно треба да направат дезинфекција на рацете.

Во просторијата никогаш да нема поголем број на гласачи од боксовите
за гласање.

Доколку постои можност, за што треба да се консултира ДИК, се препорачува зголемување на времето на гласање за два часа за да се избегнат поголеми метежи.

Во предизборниот период се препорачува сите активности да се одвиваат со почитување на физичката дистанца од еден и пол до два метри, задолжително носење заштитна маска на устата и носот и задолжително често миење на рацете.

При одржување на собирите, препорака е да се почитуваат сите овие мерки, да се води сметка за бројот на учесници и да се користат разгласни уреди за да се избегне поголема концентрација на луѓе на едно место.

Кампањата „од врата на врата“ да се реализира со заштитна опрема и физичка дистанца и да не се влегува во домаќинствата, туку само до врата или двор.

Партиските состаноци да се одвиваат на отворено доколку има можност за тоа, а во затворени простории да се почитуваат општите препораки за заштита и да се останува најмногу два часа по што треба да се изврши проветрување.

Мобилните штандови за рекламен материјал да немаат повеќе од двајца активисти на еден штанд, а партискиот превоз да се одвива со средствата за јавен превоз со максимум 50 проценти пополен капацитет.

Притоа, задолжително е носењето заштитна маска, а превозниците треба да обезбедат средства за дезинфекција.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Каџоски вчера во интервју за „Слободен печат“ потсети дека Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК.

Тој напомена дека никој нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита.

Тој порача дека заразата со Ковид-19 не се шири со одење на гласање, туку со непочитување на мерките.

„Комисијата доби задача да изготви изборен протокол. Никој никогаш не ни рекол кога ќе бидат изборите. ДИК во полн состав беше повикана кај нас, а од нас беше побарано да им дадеме критериум за да се спроведе изборниот ден. Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК. Но, ние кажавме дека не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Само кажавме кои критериуми треба да се задоволат за да се спроведат. И во соседството се подготвуваат за избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид. Затоа што никој во нашиот нормален живот нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита, за дистанца, ако носи маска или ако се дезинфицира. Значи, направивме протокол кој важи кога и да се одржат изборите“, изјави Караџоски.

актуелно гласање изборен процес
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.