Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Продолжува летното кино, почетоците на проекциите во 20 часот
Култура

Продолжува летното кино, почетоците на проекциите во 20 часот

август 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од вчера повторно е отворено за публика Летното кино, кое беше затворено поради неколкудневниот период на силни дождови и променливо време што ги зафатија Скопје и поголемиот дел од државата, информираат од Кинотека.

Дождовите не само што ја одложија филмската програма на неколку денови, туку го одложија и свеченото именување на ова летно кино, кое во минатата среда (на 5 август) требаше и официјално да го добие името „Мирно лето“, според играниот првенец на филмската режисерска легенда Димитрие Рули Османли.

-Името не случајно е избрано за ова летно кино, со желба истото да се одрази и на функционирањето на кинотечната програма овие денови, и навистина летото да мине мирно и во најдобар ред. Логото беше испишано на ѕидот веднаш до филмското платно, поканите врачени, пијалоците спремни… Но, се случи истото како и во филмот, односно новоименуваното кино ја сподели судбината со Мира и Заре, главните ликови на оваа прва македонска комедија од 1961 година. Посакуваното „мирно“ лето се претвори во „бурно“ , а во случајот на Кинотека и – во „дождливо“. Реализацијата на она што е планирано не зависи секогаш од нашите желби и вложувања, велат од Кинотека.

Вчера на програмата беше играниот филм ТИЕ (LORO, 2018) во режија на Паоло Сорентино кого го паметиме по оскаровецот „Големата убавина“ (2013) и тв-серијата „Младиот папа“ (2016).

Следните денови, ако се е во ред со временските прилики, на репертоарот се документарниот „Битлси: Осум дена во неделата“ на Рон Хауард (вторник, 11 август), комедијата „Скитникот од плажата“ (2019) на Хармони Корин, драмите „Климакс“ (2018) на Гаспар Ное, „Златна ракавица“ (2019) на Фатих Акин, „Офицер и шпион“ (2019) на Роман Полански и други.

Откажаните проекции на филмовите ќе бидат презакажани наредниве денови, информираат од Кинотека.

Оттаму ги потсетуваат љубителите на филмот дека проекциите почнуваат во 20 часот.

летно кино почетоци проекции
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.