Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Продолжува трендот на намален број на заболени од Ковид-19, нема починати
Градови

Продолжува трендот на намален број на заболени од Ковид-19, нема починати

јуни 21, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во државата веќе неколку денови по ред се бележи тренд на намален број на новозаболени од Ковид-19. Во вчерашната статистика од Министерството за здравство беа регистрирани осум новозаболени, а немаше починати пациенти.

Вкупно 3.265 тестирања беа направени во текот на вчерашниот ден. Од осумте новозаболени, тројца заразени се во Скопје, во Струмица двајца, a Куманово, Велес и Кичево по еден.

Притоа, регистрирани се 72 оздравени пациенти, и тоа од Скопје 23, Куманово, Прилеп и Кичево по 7, Гостивар и Охрид по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.624.

Бројот на оздравени пациенти е 149.862, а на починати е 5.475. Има вкупно 287 активни случаи.

Намален број на заболени од Ковид-19 се бележи и во Албанија, и поради тоа оваа држава одлучи за македонските, но и за сите други туристи кои одлучиле летово да одмараат на нејзиното крајбрежје, да добијат бесплатен брз тест, доколку се пожалат од симптоми на Ковид-19.

Албанската министерка за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу вчера информираше дека почнале да функционираат 29 здравствени амбуланти каде 24 часа се достапни здравствени услуги, како и бесплатни тестови за секој сомнителен случај.

Во секоја летна здравствена амбуланта во крајбрежните и планинските туристички области, се нуди 24-часовна услуга за секоја итна медицинска помош, како и бесплатен брз тест, за секој случај за кој постои сомневање за Ковид-19. Во случај на појава на некој од симптомите, одете во најблиската здравствена амбуланта. Заедно, да го ограничиме ширењето на коронавирусот, за безбедна туристичка сезона, напиша Манастирлиу во објава на Фејсбук.

Инаку, во државата деновиве беше забележан уште еден случај на индиски сој на вирусот Ковид-19. Сепак, надлежните соопштија дека пациентот не е во ризик, состојбата е под контрола.

Министерот за здравство, Венко Филипче уште еднаш напомена дека епидемиолошките анкети кои се направени не покажале постоење на ризик, и со тоа не постои никаква потреба од воведување дополнителни рестрикции.

актуелно заразени Ковид-19 намалување тренд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.