Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Промена на изборниот модел во една изборна единица со или без консензус
Македонија

Промена на изборниот модел во една изборна единица со или без консензус

ноември 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев опстојува на идејата за промена на изборниот модел од постојните шест во една изборна единица, што беше и едно од изборните ветувањаа на СДСМ.

Иницијативата за промена на изборниот модел, која тој ја поддржа, а која деновиве ја туркаат 15 пратеници од помалите парламентарни партии, на шест месеци од предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, сепак нема поддршка од партнерот во владината коалиција ДУИ, ниту од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Заев вчера изрази надеж дека ќе биде постигнат консензус за промена на Изборниот модел со една изборна единица, повторувајќи дека со тоа губат големите партии, ќе загуби и СДСМ, но ќе се отстрани можноста за какво било авторитарно однесување во иднина. Одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на „Граматиката на современиот ромски јазик“, тој нагласи дека е добро во државата вакви важни прашања, како промена на Изборен модел, да се носат со консензус.

„Ние, пак, не можеме поинаку, ние им ветивме на граѓаните уште во кампањата во 2016 година дека сме за една изборна единица. Тоа е дел од нашата изборна програма, а и ние веруваме во тоа, рече Заев додавајќи дека тоа освен што ќе биде придобивка за помалите партии, ќе биде придобивка и за сите граѓани.

„Ако дојде до гласање во Парламентот јас се надевам, дека тоа ќе биде консензуално, но ако не е консензуално на кој било друг начин социјалдеморкатите ќе гласаат за оваа измена. ДИК е подготвена, институциите се подготвени, постапката е едноставна, рече Заев.

Тој нагласи оти смета дека постои поддршка за овие измени. – Мислам дека имам поддршка, јас не сум иницијатор вака кога кажувам.

Најголемата политичка партија од помалубројните етнички заедници е ДУИ, мислам дека има вкупно 23 Албанци во Парламентот, а ДУИ има 10 пратеници, каде се другите помалубројни заедници. Дали се согласуваат ќе видиме на гласањето, да направиме чекор, а ако не успееме, што се надевам дека нема да се случи, ќе се направи притисок за тоа за следните избори, рече Заев, кој верува и дека овие измени ќе ги привлече оние граѓаните, кои не се заинтересирани за избори да го тестираат новиот изборен модел.

Пратеникот Артан Груби од ДУИ, пак, претходно неделава изјави дека политичките партии усогласиле измени на Изборниот законик, во кои не се предвидува промена на изборниот модел. Тој тркалезната маса што се одржа во вторникот во Собранието на иницијатива на 15 пратеници од помалите парламентарни партии ја оцени како неформална средба на ентузијасти, и подвлече дека е апсурдно да се дискутира за промена на изборен модел на пет месеци пред предвремени избори.

„Ние остануваме на формалниот состав кој што дискутира промени на изборниот законик и тоа е во рамките на Министерството за правда.

Неделава имавме сите средба, и политички партии, невладините организации и меѓународни организации и веќе сме усогласиле текст на предлог-закон кој што во себе ги инкорпорирта сите препораки на ОБСЕ/ ОДИХР од последните три изборни циклуси претседателски, локални избори и референдум и во тој предлог не се дискутира околу изборен модел, изјави Груби.

Коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Заев дека СДСМ не се откажуваат од идејата за нов изборен модел, па дури и за претстојните предвремени избори и оти би ја поддржале евентуалната иницијатива за тоа и без консензус, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, оцени дека дури и да се донесе измена, би било неодговорно таа да се имплементира на претстојните предвремени избори. Не ја затвараат вратата за промена на изборниот модел, но, рече, остануваат на ставот за
120 изборни единици, и оти кој модел и да се договори што ќе биде применлив после изборите на 12 април „треба да биде апсолутно и никако на друг начин освен со консензус на големите партии“.

„Нашиот предлог е мнозински модел со 120 изборни единици и секако дури и сега да се донесе имплементација после изборите на 12 април, бидејќи е многу неодговорно да се влезе во измена на изборниот модел на неколку месеци пред избори. Тоа ќе отвори проблеми како во самата постапка за спроведување на изборите така за политичките партии или за граѓаните во однос на запознавањето со истиот како тој ќе функционира и сите останати работи кои што доаѓаат со промена на изборниот модел.

Значи не ја затвораме вратата за промена на изборниот модел, нашиот предлог е тој кој што го кажав, мнозински со 120 изборни единици, бидејќи на тој начин ќе се покаже најголема транспарентност, најголема отвореност, ќе им се даде на граѓаните едноставно буквално за личноста да гласаат, меѓутоа ќе можат на најдобар начин да дадат отчетност од пратениците на тој начин.

Петнаесет пратеници кои доаѓаат од помалите партии како и независни пратенции кои застанаа зад иницијативата за промена на изборниот модел со една изборна единица наместо сегашните шест, најавија дека во најскоро време ќе поднесат закон за измени на Изборното законодавство во кој ќе се имплементира нивното барање. Од Иницијативата предлагаат и отворени листи што би се вовеле од следните локални избори, како и еднаква родова застапеност, односно по 50 проценти мажи и жени.

За промена на Изборниот законик потребно е апсолутно мнозинство од 61 пратеник и „Бадентерово мнозинство“, односно мнозинство од припадниците на заедниците.

 

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно изборна единица консензус промена
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.