Илјадници луѓе демонстрираа во центарот на Киев и бараа оставка на претседателот Петро Порошенко. Митингот е организиран од страна на партијата Движење на нови сили на опозицискиот политичар Михаил Саакашвили.
Учесниците маршираа од паркот Шевченко на Европскиот плоштад, држејќи украински знамиња и црвено-црните партиски банери, извикувајќи слогани како „Оставка” и „Украина без олигарси”.
Организаторите на „Марш за иднината” велат дека настанот го означува почетокот на кампањата за повик за оставка на претседателот, предвремени парламентарни избори и формирање на нова влада.
Околу 2.000 полицајци беа распоредени во главниот град пред митингот.
Саакашвили беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година.







