Повеќе илјади луѓе протестираа Сани, главниот град на Јемен, по повод воздушниот напад на меѓународната коалиција која ја предводи Саудиска Арабија на погребна сала, што го прави еден од нападите со најмногу жртви во текот на граѓанската војна во таа земја.
Билансот од бомбардирањето е 140 загинати и 525 ранети, соопштија официјални лица од Обединетите Нации.
Саусиска Арабија соопшти дека ќе спроведе истрага поради „извештајот за тажнното и мачно бомбардирање“ во Сани, не наведувајќи притоа дена нејзината коалиција која се бори против бунтовниците во Јемен е единствена која има воздухопловни сили во тој судир, наведува агенцијата АП.
АП потсетува дека тоа е последен во низата воздушни напади на коалицијата во кои се погодени болници, пазари и други места на кои се собираат цивили.
На мета на авионскиот напад беше салата во која се собраа многу луѓе во саботата попладнето за да изразат сочуство за смртта на таткото на „министерот за внатрешни работи“, Џалал ал Руихен.
Меѓу загинатите и ранетите се воени лица од бунтовниците, шиитски Хути, кои се борат против владата на претседателот Абед Рабо Мансур Хади и неговите сојузници, приврзаниците на поранешниот претседател Али Абдулех Салех.
Од март минатата година кога почна кампањата предводена од Саудиска Арабија, според последниот извештај на ОН, убиени се 3.799 цивили.
Се проценува дека во судирите во Јемен загинале најмалку девет илјади луѓе, а речиси три милиони се раселени.









