Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Протест „1 од 5 милиони“-Туркања на демонстрантите и обезбедувањето пред Предсетателството на Вучиќ
СВЕТ

Протест „1 од 5 милиони“-Туркања на демонстрантите и обезбедувањето пред Предсетателството на Вучиќ

август 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Синоќа во Белград се одржа 36-ти по ред протест на граѓаните „1 од 5 милини“, на кој на крајот на протестот, пред Претседателството кое е официјално седиште на Александар Вучиќ дојде до инцидент, кога тричлана делегација се обиде да ја тргне оградата пред објектот за да го остави списокот на барања на демонстрантите.

Како што јави дописникот на МИА, притоа дојде до туркање на демонстрантите со многубројното обезбедување во цивилна облека, која го спречи тргањето на оградата, а еден од организаторите на протестот заврши во Ургентниот центар.

Еден од организаторите на протестите, Срѓан Марковиќ, рече дека со обезбедувањето бил постигнат договор да се овозможи на протестната делегација да го остави списокот со барања за фер избори.

Меѓутоа, откако беа спречени, демонстрантите се обидоа да ја отстранат оградата
околу зградата на Претседателството.

Во исто време, дојде до реакција на бројно цивилно обезбедување по што дојде до меѓусебно туркање.

Марковиќ успеа да прескокне преку оградата и со список на барања во рацете се обиде да дотрча до влезот во зградата, но неколку членови на обезбедувањето го фатија и со употреба на физичка сила го вратија од другата страна на оградата.

На протестната делегација набрзо потоа и беше дозволено да стигнат до зградата на Претседателството и да го остават список со барањата, документ во кој се содржани 42-те точки на Експертскиот протест тим на протестите „1 на 5 милиони“, кои претставуваат црвена линија без чија имплементација до 1 септември, нема да има избори.

Сојузот за Србија (СзС) денеска остро го осуди овој инцидент и побара итно идентификување на лицата што ги нападнаа демонстрантите на протестот „1 на 5 милиони“, кои, според претходниот договор со полицијата сакаа пред зградата на Претседателството да остават препораки и заклучоци на стручниот тим на протестите.

„Ако станува збор за полицајци во цивилно, тие знаат дека тупаниците не се законско пропишано средство за одбрана на просториите околу зградата на Претседателството. Тупаници користат криминалци и хулигани, што на овој начин станаа луѓето кои се пресметаа со демонстрантите“, се вели во соопштението на СзС.

Ако станува збор за припадници на српските вооружени сили кои го обезбедуваат претседателот, тогаш целиот настан преставува прв настап на армијата на улица по 9 март 1991 година.

„Прашањето е колку сме далеку од сценариото на (Слободан) Милошевиќ за изведување на тенкови врз граѓаните кои ја демонстрираат борбата за слобода и демократија. Јавноста има право да биде информирана кои се лицата што ги претепаа демонстрантите и протв нив да се покренат законски мерки“, потенцираат во СзС.

За денеска напладне, српскиот претседател Александар Вучиќ, најави обраќање пред јавноста.

„1 од 5 милиони“ Вучиќ Предсетателство протест
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.