Две лица се убиени во пукотница во библиотека во северна Калифорнија, а осомничениот напаѓач е во притвор, соопшти полицијата.
Едно дете е префрлено во болница со полесни повреди. Полицијата одговорила на повик од библиотеката на округот Бјут околу 17:00 часот, при што се слушнале вресоци и истрели.
Осомничениот бил уапсен додека се обидувал да избега.
Улиците околу библиотеката се привремено затворени.
Полицијата објави дека нема дополнителна закана за јавноста и дека истрагата за нападот е во тек.







