Разрешениот каталонски премиер Карлес Пуџдемон денеска најави дека ќе поднесе барање до шпанскиот суд да му дозволи да се врати во Каталонија и да ја формира новата каталонска влада.
Најавата доаѓа откако Уставниот суд на Шпанија не му дозволи на Пуџдемон да иницира формирање на каталонската влада од Брисел, каде се засолни откако Шпанија објави потерница по него поради прогласувањето независност на Каталонија.
Шпанија го распушти регионалниот Парламент на Каталонија и организираше нови избори, но на нив повторно тесно мнозинство освоија партиите кои се залагаат за независност.
Пуџдемон е најсериозниот кандидат на оваа коалиција за премиер на Каталонија.







