Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Работниците бараат правна помош најмногу за неисплатени плати и откази
Анализи

Работниците бараат правна помош најмногу за неисплатени плати и откази

март 27, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Намалени или неисплатени плати, откази и трансформирање на работниот однос од неопределено на определено време, се дел од работите поради кои работниците побарале правна помош и заштита во текот на минатата година. До Сојузот на синдикати на Македонија, кој има служба за бесплатна правна заштита за правата од работен однос, пристигнале голем број поплаки за неисплатени плати, иако за тоа биле обезбедени финансиски средства од страна на Владата, како дел од антикризните пакети за излез од кризата што ја предизвика пандемијата на Ковид-19.

Имало и случаи во кои работниците биле праќани дома и им била намалена платата со образложение дека нема работа поради пандемијата, а бројни обраќања пристигнале и за непочитување на правото на платено отсуство на хронично болните работници, бремените жени и родителите со деца до 10 години.

„Карактеристично беше упатувањето на работниците дома со образложение на работодавачите дека нема работа заради здравствената криза или дека нема услови истата да се организира според државните протоколи. Притоа на овие работници им беше намалена платата и не се почитуваа уредбите на Владата за право на платено отсуство. ССМ за ваквата појава во соработка со Државниот инспекторат за труд навремено интервенираше и со тоа кај таквите несовесни работодавачи беа спроведувани инспекциски контроли и беа задолжувани да ја исплаќаат платата на работниците утврдена согласно договорите за вработување“, велат од ССМ во изјава за МИА.

Отказите се исто така значаен дел или околу 40 проценти од обраќањата до ССМ се по овој основ. Евидентирани се откази во чевларската и металната индустрија и во угостителството.

Забележани се и откази на договорите за работа на претседатели на синдикални организации, што, според ССМ, директно влијае врз сузбивањето на синдикалното организирање.

„Преземени се сите активности за нивна заштита, во тек се и судски постапки во врска со незаконитото постапување кон синдикалните претставници, затоа што тоа дирекно влијае на сузбивање на синдикалното организирање и делување, а во два случаи, Државниот трудов инспекторат и Судот ги врати на работа синдикалните претставници“, посочуваат од ССМ.

Синдикатот нагласува дека дел од обраќањата се однесуваат и на тоа дека работодавачите неосновано го трансформирале работниот однос од неопределено на определено време, а имало и случаи во кои се вршеле притисоци врз работниците да потпишат спогодбен претстанок на работниот однос.

Дваесет проценти од пријавите што стигнале до синдикатот се однесуваат на случаи во кои работниците биле праќани на годишен или принуден одмор без решенија или предвреме им биле раскинати договорите за работа на дело.

„Голем е бројот на анонимните јавувања најчесто по електронски пат за правата од работен однос на кои претставниците на ССМ одговараат телефонски или по меил со совет и упатување за начинот и постапката за остварување на правата. Ова е и главната причина за ССМ да ја реорганизира својата работа и да стане подостапен за работниците преку отварање на посебна телефонска линија и посебна имеил адреса
на која работниците ќе можат да побараат правна заштита и да пријават прекршување на работничките права, за што веќе започнавме и кампања“, велат од ССМ за МИА.

Она што е карактеристично е дека голем дел од обраќањата се од работници кои не се синдикално организирани, што ја отежнува работата на синдикатот во врска со нивната заштита.

Ваквата ситуација го потврдува ставот на синдикатот дека од особено значење е работниците да се синдикално организирани за да можат да бидат целосно информирани, оспособени и вклучени во постапките за препознавање на работничките права. Синдикалното членство, велат од ССМ, најдиректно и најнепосредно обезбедува заштита на правата на работниците.

„Со започнување на здравствената криза во државата поради корона вирусот, ССМ и синдикатите во состав на ССМ ја реорганизираа својата работа согласно препораките на Владата. Сите служби, вклучително и правната заштита, се одвиваа телефонски и преку меил комуникација. Во исклучителни случаи организиравме средби со работници кои се обратиле до ССМ, при што средбите се организирани со доследно
почитување на препораките и уредбите донесени од Владата на државата. Компаниите од кои работниците се обратиле до ССМ имаат повеќе од 80.000 вработени, а со тоа директно или индиректно сме обезбедиле правна заштита за сите нив“, истакнуваат од ССМ.

 

(Фото: МИА)

македонија Работа работници Синдикат труд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026

Конференција „30 години на европскиот пат: Односите Северна Македонија-ЕУ и патот напред“

мај 6, 2026

Македонија во „проблематичните “, падна три места во Индексот за слобода на медиумите

април 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.