Бугарскиот претседател Румен Радев на денешната прес-конференција во Софија по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, рече дека Бугарија е многу загрижена за ескалацијата во врска со договорот на новото име на Македонија.
Тој го повика Иванов да не биде само учесник, туку и водач во дијалогот меѓу институциите во Република Македонија.
„Бугарија го прифаќа договорот меѓу Македонија и Грција за името, особено заради тоа што ќе ги отстрани пречките на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, рече Радев.
Бугарската поддршка на договорот за името, како што истакна, е поврзана со стриктно почитување на договорите што Скопје и Атина ги имаат со Софија.







