Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ: Орбан прави чистка во армијата, брка генерали!
Европа

РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ: Орбан прави чистка во армијата, брка генерали!

февруари 2, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Унгарскиот автократ, Виктор Орбан, ја спроведува најголемата смена на високи офицери во унгарската армија. Информациите за масовни промени во унгарските вооружени сили досега се ширеа неофицијално, преку устно примопредавање, без конкретни официјални објаснувања за овој чуден процес.

Но, сега за тоа се распишаа западните медиуми, а смените во понеделникот официјално ги потврди и унгарскиот министер за одбрана, Кристоф Шали-Бобровнички. Според пишувањето на „Блумберг“, се уште не е познат вкупниот број на отпуштени воени лица, но се проценува дека станува збор за неколку стотици офицери.

Впечаток е дека се врши чистка во целиот врв на унгарската армија, затоа што се менуваат највисоките генерали и тоа оди се до ниво на потполковник.

Одредени опозициски политичари, пишува Блумберг, велат дека целта на „реформата“ во унгарската војска е ослабување на историската ориентација на земјата кон Запад.

Старите антипатии на Унгарците кон Русија посебно се истакнаа на почетокот на инвазијата на режимот на Путин на Украина, а познато е дека Виктор Орбан е еден од последните политички пријатели на рускиот диктатор во Европа.

Унгарската опозиција стравува дека вистинската цел на промените во вооружените сили е филтрирање и унапредување на помладите офицери лојални на автократот Орбан.

Со оглед на тоа дека владата на Орбан е под притисок од се поизразените внатрешни проблеми, како и од Европската унија поради прекршување на владеењето на правото, сега ја консолидира својата моќ таму каде што се уште ја нема – во армијата.

Од 2010 година, Орбан и неговата партија Фидес успеаја да обезбедат влијание врз судството, медиумите и универзитетот и да ги имплементираат идеите на т.н. нелиберална демократија, која во основа е форма на диктатура.

Министерот за одбрана Шали-Бобровнички тврди дека немаат скриена агенда бидејќи на толку големи размери на промени не можат да имаат. Тврди дека сакаат „да воведат меритократија и конкуренција во одбранбените сили“.

На крајот на краиштата, би било многу необично доколку министерот за одбрана на Унгарија јавно признае дека вршат масовна промена во армијата за да го зголемат влијанието на премиерот, односно на владејачката партија.

Орбан овозможи лесно спроведувањето на кадровските промени во вооружените сили со декрет што го потпиша минатата недела, според кој војската може да се ослободи од сите војници со 25-годишно искуство или оние кои наполниле 45 години.

Малку е чудно што Унгарија минува низ агресивна смена на високи воени лица бидејќи, според „Блумберг“, тие во моментов имаат меѓу осум и десет илјади непополнети позиции во воената хиерархија.

Тезите за унгарската и меѓународната јавност на министерот за одбрана се дека армијата не смее да биде социјална институција и затоа сакаат да ја забрзаат кариерата на помладите и физички поподготвени офицери кои биле одликувани во разни мисии на НАТО.

Орбан избегнува секакви јавни антагонизми со Владимир Путин и често дава изјави во кои функционира како руски сојузник или промотор на интересите на Путин.

Пред седум години Унгарија започна комплексен план за зајакнување на вооружените сили.

Целта е да го заменат целокупното старо советско оружје, опремата и системите. Купија, на пример, радарски систем од Израел (Железна купола) и ги воведуваат германските тенкови „Леопард“. Развиваат сопствена одбранбена индустрија. Заедно со германскиот производител на оружје „Реинметал“ започнаа изградба на три нови фабрики во Унгарија. Идејата им е не само да ја опремат унгарската војска, туку и да профитираат од извозот на оружје.

Нејасно е дали Европа на кој било начин треба да биде загрижена за големите промени во унгарскиот воен систем;

смената на офицерите, вооружувањето и проширувањето на воената индустрија.

Во моментов Орбан е под голем притисок бидејќи инфлацијата достигна 24,5 отсто и е највисока во Унијата. Притоа, цените на храната и енергијата поскапеа за 50 отсто.

Националната валута на Унгарија, форинтата, драстично ослабе, а трошоците за задолжување драстично се зголемија. Инфлацијата, девалвацијата и зголемувањето на каматните стапки ја загрижуваат владата, бидејќи ќе ја оневозможат досегашната пракса на користење на популистичките мерки пред изборите, со кои се придобиваа гласачите.

Во 2024 година во Унгарија ќе има локални избори, но и избори за во Европскиот парламент.

Посебен проблем за партијата на власт е фактот дека Европската унија, поради непочитување на демократските принципи, им ја прекина исплатата на дел од средствата наменети за развој.

Затоа во последно време се погласно се поставува прашањето: Дали Орбан можеби сака силна и лојална армија затоа што има навестување за политички немири?

актуелно армија Виктор Орбан Владимир Путин генерал Европа русија Унгарија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.