Во акција на српската и италијанската полиција уапсена е дваесетчлена меѓународна криминална група поради сомнение дека подолго време криумчарела и растурала кокаин во земјите на Европската унија.
Акцијата на Службата за борба против организираниот криминал (СБПОК) при Министерството за внатрешни работи на Србија и италијанската полиција ГИКО следи по добиените налози од две обвинителства за организиран криминал во Белград и Милано.
Во Италија се уапсени 16 членови на групата, а во Србија „паднаа“ довачите на кланот, Јаков Контиќ (45) и Милован Николиќ (45).
Во рамки на акцијата на територијата на Србија, при претрес на станови и други простории, пронајдени се и запленети пари, автомобили, дрога, муниција и оружје.
Во текот на истрагата поротив оваа група, српската и италијанската полиција заплениле вкупно 24 килограми кокаин, извесна количина марихуана и оружје. Групата главно ја сочинувале српски и италијански државјани.








