Во нов тежок напад на Киев погодено е и одделението за издавање на визи на германскиот конзулат во главниот град на Украина.
Поранешниот шеф на Фондацијата „Бел“ во Киев, Сергеј Сумлени, објави на Твитер фотографии од последиците од ракетниот напад врз зградата и напиша порака до германскиот канцелар, Олаф Шолц, и до министерката за надворешни работи, Аналена Бербок.
„Зградата во која се наоѓаше канцеларијата за визи на германската амбасада во Киев денеска е погодена. Дали има некои реакции од Олаф Шолц или Бербок? Сакате ли да испратите неколку тенкови ‘Леопард’ за да ја проверите состојбата на лице место?“, напиша тој.
(Фото: Твитер)







