Утре изутрина во 3 часот и 10 минути, муслиманите го почнуваат постот по повод Рамазан Бајрам.
Во наредните триесет дена, верниците ќе постат секој ден од изгревањето до заоѓање на Сонцето.
Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Целта на постот е богобојазливоста која во себе вклучува свест за Алах и правење добри дела.
Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Во постот се поштедени болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.
Празникот Рамазан секоја година се поместува за 10 дена понапред. По рамазанскиот пост следува Рамазан Бајрам, кој годинава е на 15 јуни и ќе се слави три дена.
На Рамазан Бајрам целото семејство се собира на празнична трпеза и се посетуват роднините и пријателите.
Првиот ден од празникот во Македонија е државен празник.







