Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години

ноември 9, 2026

Трамп очекува Рубио да остане државен секретар

ноември 9, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
  • Нови правила за боледување од 1 декември
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Распишан тендерот за новиот Клинички центар
Во Фокусот

Распишан тендерот за новиот Клинички центар

август 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерство за здравство денеска го распиша тендерот за изградба на нов универзитетски Клинички центар на гринфилд локација по моделот „клуч на рака“ со поддршка при менаџирање на проектот.

Проектот, како што е објавено на Електронскиот систем за јавни набавки, ќе ги опфати следниве главни категории на услуги и работи кои треба да се изведат и извршат: планирање, проектирање и припрема на техничка документација, изградба, управување со изградбата и градежни работа, опремување, техничка опрема, управување со информациски систем, медицинска и немедицинска опрема, планирање на преместувањето на клиничкиот центар, управување со трансферот, планирање и управување со процесот на паралелната работа на болничката инфраструктура, обука
на персоналот и одржување на објектот и опремата за определен период.

Според концептот на договорот, реализација на градбата е во последователни три фази по системот „клуч на рака“.

Како најсоодветен пристап и изградба на комплексот ќе се смета оној што планира
имплементација на проектот во неколку фази, со цел самоодрживост во секоја последователна фаза.

Договорот се склучува со времетраење до целосно исполнување на обврските на двете договорени страни.

Рокот за реализација е 90 месеци.

Како главни елементи при одредување на критериумот за избор на економски оператор е најповолна понуда се цената со 30 бодови и квалитетот со 70 бодови.

На тендерот може да учествуваат домашни и странски компании преку групна пријава.

Изградбата на новиот Универзитетски клинички центар во Општина Ѓорче Петров, на локацијата Веле поле.

Ќе стартува на почетокот на следната година, а треба да заврши за седум години.

Целиот проект ќе чини 500 милиони евра, што ќе се обезбедат со кредит од комерцијалните банки „Ерсте груп“, „Рајфајзен банк“ и „Уникредит“, кои доставиле најдобра понуда.

Изградбата на новиот Универзитетски клиничкиот центар, како што е најавено, ќе се одвива во три фази и дека првата фаза би завршила по 3,5 години, а последната по седум години.

Се планира најпрво да се префрлат хируршките клиники, операциските сали и Ургентниот центар, а потоа и клиниките за гинекологија, за педијатрија и за онкологија.

актуелно Клинички центар тендер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години

ноември 9, 2026

Трамп очекува Рубио да остане државен секретар

ноември 9, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.