Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Распределени 280 милиони денари за реализација на 104 проекти
Економија

Распределени 280 милиони денари за реализација на 104 проекти

мај 9, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На денешната седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, распределени се 280 милиони денари од Програмата за рамномерен регионален развој, наменети за реализација на 104 проекти со кои ќе се влијае на развојот на осумте региони на територијата на Република Македонија.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека во буџетот за 2018 година, за Програмата за рамномерен регионален развој, детеринирани се досега рекорден износ на средства, односно 57% поголем износ во однос на буџетот за 2017 година, со што се покажува силната намера на владата да се инвестира во рамномерниот развој и да се поддржат помалку развиените региони во земјата.

„За реализација на проекти за развој на осумте плански региони издвоени се 70% од вкупните средства од Програмата или 195,5 милиони денари, со кои ќе се поддржат 27 проекти. Дополнително, за проекти за специфични подрачја наменивме 20% од средствата или 56 милиони денари со кои ќе се поддржат 45 проекти, а за проекти за развој на селата, 10% или 28 милиони денари со кои ќе се реализират 32 проекти.

„Особено се важни средствата кои ги наменивме за развој на специфичните подрачја и развој на селата, за изработка на техничка документација за проекти со кои би аплицирале и на други места за да изнајдат средства за реализација“, посочи вицепремиерот.

Анѓушев потенцираше дека реализацијата на Програмата за рамномерен регионален развој не е единствен сегмент преку кој Владата работи на изедначување на условите за живот на македонските граѓани во пооделните региони.

„Целта на оваа Влада е граѓаните на Македонија, каде и да живеат да имаат исти или приближни услови за живот, а не да се создаваат само неколку големи центри. Затоа, во соработка со министерството за локална самоуправа и амбасадата на Швајцарија, подготвуваме софтвер преку кој ќе се мапираат вкупните инвестиции во пооделните региони.

„Интенцијата е капиталните инвестиции, предвидени во буџетот на Република Македонија, над 400 милиони евра, исто така да бидат распределени рамномерно, со тенденција да се насочуваат повисоки средства во понеразвиените региони, а исто така да се искористат средствата од ИПА програмата, за регионален економски развој, за која во тек е програмирање на средствата“, нагласи Анѓушев.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу посочи дека годинава од Центрите за развој на планските региони и од општините беа доставени апликации за финансирање на вкупно 137 проекти. Согласно Законот, оценувањето и рангирањето на проектите е направено од Комисијата за оценување на проектите во чиј состав се претставници од Министерството за локална самоуправа, од Бирото за регионален развој и од Министерството за финансии.

„Најголемиот број на проекти се инфраструктурни, она што во моментов им е најпотребно на граѓаните, како и подготовка на техничка документација за да можат планските региони да аплицираат за поголеми средства преку донаторски програми или преку ИПА инструментот на Европската Унија. Со зголемувањето на средствата за рамномерен регионален развој за 100 милиони денари во Буџетот за 2018 година, или конкретно за над 50 насто во однос на минатата година, Владата покажа силна политичка воља за посилна поддршка и стимулирање на локалниот и на рамномерниот регионален развој.

Тенденција е секоја година обемот на средства да се зголемува, а преку воспоставување на систем на коорданица и следење на алокацијата на средствата од различните секторски политики, да се влијае на нивната правилна распределба, според степенот на развиеност и реалните потреби на граѓаните“, нагласи министерот Фазлиу.

На седницата на Советот за рамномерен регионален развој учествуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, министерот за змјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за култура Роберт Алоѓозоски, претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов, како и градоначалниците на општините, претседатели на осумте плански региони во Република Македонија.

 

актуелно Анѓушев Влада на РМ македонија програма швајцарија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.