Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РАСТЕ НАПНАТОСТА МЕЃУ САД И РУСИЈА: Шпионска војна и нова драма над Црното Море
СВЕТ

РАСТЕ НАПНАТОСТА МЕЃУ САД И РУСИЈА: Шпионска војна и нова драма над Црното Море

август 29, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Русија вчера објави дека подигнала два нејзини борбени авиони за да пресретне две американски беспилотни летала над Црното Море во близина на Крим.

„Кога беше откриен лет во правец на границата со руската држава, Москва испрати два борбени авиони за да спречат можно нарушување и да спречат мисијата на извидување на беспилотни летала“, објави руското Министерство за одбрана на Телеграм.

Американските дронови, од кои едниот бил „Репер“, а другиот „Голабал Хаук“ спроведувале извидување на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

По доаѓањето на руските авиони, дроновите „го сменија правецот на летот и ја напуштија зоната за извидување“, додаваат од руското Министерство.

Инцидентите со пресретнување на руски авиони и американски беспилотни летала или авиони на НАТО зачестија во последните месеци над Црното море, но и над Балтикот, во контекст на војната во Украина.

Во неделата Русија тврдеше дека пресретнала американско беспилотно летало кое се приближувало до границата на Црното Море.

Сличен инцидент се случи и на почетокот на август.

Полуостровот Крим, клучен за логистиката на руските сили кои се борат на југот на Украина, постојано е цел на напади со украински беспилотни летала од почетокот на конфликтот.

Вчера САД ја обвинија Москва дека се обидува да ги заплаши и малтретира американските вработени откако руските државни медиуми објавија дека безбедносните служби обвиниле поранешен вработен во американскиот конзулат за собирање информации за војната во Украина и други прашања.

Руската државна агенција ТАСС ја цитираше безбедносната служба ФСБ дека Роберт Шонов, руски државјанин, им пренесувал информации на вработени во американската амбасада во Москва за тоа како регрутирањето во Русија влијае на политичкото незадоволство пред претседателските избори во Русија во 2024 година.

ФСБ соопшти дека планира да ги испраша вработените во американската амбасада кои биле во контакт со Шонов, кој е во затвор од мај, а кој повеќе од 25 години бил вработен во генералниот конзулат на САД во рускиот град Владивосток.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, го повтори американскиот став дека обвинувањата против Шонов се „целосно неосновани“. Тие обвинувањата, рече Милер, „само уште повеќе ги нагласуваат сè порепресивните дејствија на руската влада против сопствените граѓани“.

„Силно протестираме против обидите на руската служба за безбедност, кои ги пренесуваат руските медиуми под контрола на државата, да ги заплаши и вознемирува нашите вработени“, додаде Милер.

Руската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето за коментар.

авион актуелно Америка дрон Крим Москва русија Украина Црно море
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.