Седум осомничени приврзаници и поддржувачи на терористичката организација Исламска држава се уапсени во неколку германски сојузни држави, соопшти утрово Сојузното јавно обвинителство.
„Истрагата се однесува на финансирање на Исламската држава“, рече обвинителот.
Четири лица се уапсени во Северна Рајна-Вестфалија, а по едно лице во Баден-Виртемберг, Рајнланд-Пфалц и Бремен, соопшти обвинителот.
Обвинителството ги товари уапсените мажи и жени, од кои повеќето се германски државјани, за поддршка на терористичка организација.
Покрај тоа, утринава се извршени рации во Берлин, Бремен, Баден-Виртемберг, Хамбург, Хесен, Рајнска област-Пфалц, Тирингија, Долна Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија.
Исламска држава со години контролираше големи области во Сирија и соседен Ирак. Во јуни 2014 година, таа прогласи таканаречен калифат и презеде лидерство во таканаречениот глобален џихад.
Според германската разузнавачка служба, Канцеларијата за заштита на Уставот, најинтензивната фаза заврши во 2016 година, а екстремистите оттогаш ја загубија територијата што ја држеа.
Сепак, ќелии на Исламската држава се уште се активни во двете земји.
(Фото: ДПА / илустрација)







